ВИДЕО | Андоновиќ: Турско-Израелската коалиција изведе голем геостратешки удар на Русија и на Иран во Сирија?
![](https://www.slobodenpecat.mk/wp-content/uploads/2024/12/s.jpeg)
Сирија на Башар ел Асад падна за 11 дена, откако падна од власт династијата Асад по повеќедецениското владеење.
Башар ал Асад избега во Москва, додека бунтовниците предводени од коалицијата на неколку исламистички групи позната како Ал Нусра го освои Дамаск.
Дополнителна тензија доаѓа по вестите дека израелската армија, во својот превентивен копнен упад се наоѓа на само 20 километри од Дамаск.
Остануваат многу непознаници за тоа како ќе се одвиваат состојбите во Сирија.
Останува нејасна и судбината на двете руски воени бази во Сирија, кои претставуваа геостратешко упориште на Москва на Средоземјето.
Она што е повеќе од јасно дека Турција раководејќи се од своите интереси, во коалиција со Израел успеа да ѝ забоде нож во грб на Русија преку Сирија.
Русија преангажирана со војната во Украина ја немаше веќе моќта да го одржува Асад на функција. Идентично и Иран кој преку Хезболах помагаше да се одржи Асадовиот режим, изненадувачки брзо беше поразен од бунтовниците во Сирија.
Хезболах, кој очигледно е ослабнат од војната со Израел во Либан, како да немаше капацитет да го одбрани Асад и иранските интереси во Сирија.
Целата анализа погледнете ја во видето погоре.