
ВИДЕО| Андоновиќ: Трамп разговара со Путин- Ќе го гаси воениот пожар во Украина, а се враќа војната во Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин според најавеното треба да разговараат телефонски како потенцијално клучен чекор кон ставање крај на војната во Украина, по тригодишна руска инвазија.
Препорачано
„Ќе разговарам со претседателот Путин денеска . Завршена е многу работа во текот на викендот“, изјави Трамп. Сакаме да видиме дали можеме да ставиме крај на оваа војна. „Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека имаме многу добри шанси“, рече Трамп.
Западните медиуми наведуваат дека Трамп се обидува да ја добие поддршката од Путин за 30-дневниот предлог за прекин на огнот што Украина го прифати минатата недела, бидејќи двете страни продолжија да разменуваат тешки воздушни напади во текот на викендот, а Русија е пред целосно потиснување на украинските трупи од нивната повеќемесечна борбена позиција во западниот руски регион Курск.
„Ќе зборуваме за земјиште. Ќе разговараме за електрани. Мислам дека веќе разговаравме многу за тоа со двете страни, Украина и Русија. Веќе зборуваме за тоа, споделувајќи одредени ресурси“, рече Трамп на прашањето за отстапките.
Овие коментари дојдоа неколку часа откако неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф, рече дека рускиот претседател „ја прифаќа филозофијата“ на условите на Трамп за прекин на огнот и мир.
Виткоф за Си-Ен-Ен изјави дека разговорите со Путин во текот на неколку часа минатата недела биле „позитивни“ и „засновани на решенија“.
Сепак, тој не сакаше да потврди, на прашањето дали барањата на Путин вклучуваат предавање на украинските сили во Курск, меѓународно признавање на украинската територија што Русија ја зазеде како руска, ограничувања на способноста на Украина да мобилизира сили, суспензија на западната воена помош и забрана за странски мировници.
Путин во четвртокот рече дека поддржува прекин на огнот, но наведе голем број детали кои мора да бидат дел од преговорите пред да се постигне договор. Москва, меѓу другото, остро се спротивставува на распоредувањето на европските трупи кои би обезбедиле безбедносни гаранции за Украина по евентуалниот прекин на огнот.
Двете страни изразија оптимизам за неодамнешните разговори меѓу Вашингтон и Москва, но се согласија дека само повик на највисоко ниво може да ги реши најтешките прашања во 30-дневниот прекин на огнот.
Украина се согласи на прекин на огнот, но и Киев и европските престолнини се скептични дека Путин можеби одолговлекува и се прашуваат дали Трамп е подготвен да користи влијание врз лидерот со кој изгледа дека има намера да ги обнови врските.
Разговорите меќу Трамп и Путин се случува во време кога буквално се распадна прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас. Прекинот на огнот кој стапи на сила на 19 јануари по двегодишни жестоки судири, беше инициран од самиот Трамп кој беше прикажан како голем успех на новата американска амдинистрација
Утринава Израел истрела голем број на проектили врз Хамас убивајќи најмалку 300 лица.
Ова е најголемиот бран воздушни напади во Газа од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари. Преговорите за продолжување на примирјето во Газа не се постигнати.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац ги наредија нападите
Израел се консултирал со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пред да го изврши нападот, изјави портпаролот на Белата куќа за Фокс њуз.
Преговарачите се обидуваат да најдат начин напред откако првата фаза од привремениот прекин на огнот заврши на 1-ви март.
Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас уби повеќе од 1.200 луѓе во јужен Израел, повеќето цивили, а зеде 251 заложник.
Нападот иницираше израелска воена офанзива во која оттогаш загинаа повеќе од 48.520 луѓе, главно цивили, бројки регистрирани од Министерството за здравство на Хамас, а кои се користени од Обединетите нации.
Повеќето од 2,1 милиони жители на Газа биле раселени повеќе пати.
Се проценува дека 70% од зградите се оштетени или уништени, здравствените, водоводните и санитарните системи се уриваат, а има недостиг од храна, гориво, лекови и засолниште.
Целата анализа во видеото погоре во текстот