ВИДЕО | Андоновиќ: Трамп прогласи победа, Харис сè уште не излегува во јавност

Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД и 45-ти американски претседател, прогласи победа на претседателските избори што се одржаа синоќа по европско време. Во говорот пред неговите приврзаници во Флорида, Трамп рече дека ќе „донесе златно доба во Америка“.

Toj му се заблагодари на американскиот народ, како што рече „за извонредната чест да бидам избран за ваш 47-ми претседател“.

Трамп ја прогласи победата во моментот кога беше потврдено дека освоил 267 електорски гласови наспроти Харис, која во тој момент имаше подршка од 224 електори.

За победа потребно е освојување на најмалку 270 од 538 електорски гласови.

Во бројки 69,665,743 гласачи за Трамп или 51.2%, наспроти 64,609,171 гласови или 47.4%.

Разликата од речиси шест милиони гласачи во корист на Трамп му даде комодитет да ја прогласи победата

Проекциите велат дека извесно е дека Трамп ќе освои 312 електори наспроти 228 за Харис.

За споредба во претседателската трка во 2020 година, тогашниот кандидат Џо Бајден освои 306 електори наспроти Трамп, кој ги загуби изборите со 232 освоени електорски гласа.

Во 2016 година кога Трамп стана претседател, ја победи тогашната демократска кандидатка Хилари Клинтон со 304 наспроти 227 електори и така стана претседател на САД.

Овие бројки покажуваат дека сè поизвесно е дека оваа победа на Трамп е рекордна во однос на последните неколку претседателски изборни циклуси во САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот