ВИДЕО | Андоновиќ: Судирот меѓу Русија и Западот се спушти на лично ниво – Со зборовите на Пушкин, Путин им одговори на лидерите на Г-7

путин макрон бајден
Колаж: СП. / Фото: Профимедиа

Рускиот претседател Владимир Путин ги коментираше шегите на лидерите на Г-7 на сметка на тоа што Путин во различни прилики се фотографираше гол до појас.

Лидерите на седумте најмоќни земји во светот се пошегуваа на сметка на Путин и меѓусебно се прашуваа дали и тие треба да тргнат како рускиот претседател и разголени да се фотографираат.

„Не знам како сакаа да се соблечат, до половината или од половината, но мислам дека тоа би била одвратна глетка“, рече Путин по заминувањето од Ашхабат, каде што се одржуваше самитот на Касписката петорка.

Рускиот претседател рече и дека се согласува со зборовите на поетот Александар Пушкин „дека можеш да бидеш разумна личност и да размислуваш за убавината на твоите нокти“.

Се согласувам со тоа. Сè на човекот треба да биде хармонично, и душата и телото. Но, за да биде сè хармонично, мора да се откажете од прекумерното консумирање алкохол и други лоши навики, да се занимавате со физичка култура и спорт, им порачал Путин на лидерите Г-7.

Во неделата, британскиот премиер Борис Џонсон, додека седеше со своите колеги лидери на Г-7 на тркалезна маса, праша дали треба да ја задржи јакната додека се фотографира.

„Јакните остануваат? Дали ги соблекуваме јакните? Дали треба да се соблечеме?“, праша британскиот премиер Борис Џонсон додека седеше на ручек со лидерите на најголемите светски економии. „Мораме да покажеме дека сме посилни од Путин“, рече Џонсон. ЕУ преставничката Фон дер Лајен се замеша констатирајќи во саркастичен тон дека : „Јавањето е најдобро“.

Канадскиот премиер Џастин Трудо се согласи со Фон дер Лајен, велејќи дека тоа ќе бара „јавање на коњ, но гол до половината“, мислејќи на честите пози на Путин за „мачо“ фотографии, како оние на кои тој јава коњ без кошула.

Погледнете ја целата анализа:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот