
ВИДЕО| Андоновиќ: Студентски протести во Србија, што понатаму?
По најмасовниот протест во историјата на Србија на 15 март е – главното прашање е што и како понатаму?
Препорачано
Додека власта се обидува да ја убеди јавноста дека победила и дека ставила крај на протестите, студентите велат дека власта на Вучиќ ја искористила последната карта што ја имала.
Тие остануваат на ставот дека дека нивните барања не се исполнети и дека протестите ќе бидат готови кога тие ќе одлучат.
Во саботата студентите подржани од граѓаните демонстрираа успевајќи да соберат над 100 илјади луѓе на улиците, бројка која ја призна и самиот Вучиќ.
Повеќе од јасно е дека кога на една власт ќе и се соберат над 100 илјади незадоволни граѓани кои протестираат, тоа преставува јасен аларм за менување на работите, нешто што јавно го призна и самиот Вучиќ.
Она што успеаа студентите инциирани од големата трагедија во Нови Сад, е фактот дека повеќе од 4 месеци е да истрајат во своите настојувања за протест и барање на подобро општество.
Круна на тоа секако, по протестите во Нови Сад Ниш и Крагуевац , беше големиот и историски митинг во Белград. Она што осбено треба да се потенцира е дека протестите, иако оценети како голем безбедносен ризик, сепак, покрај неколку инциденти.
Самите студенти кога увидоа дека во протестите има обид за инфилтрирање на радикални групи, јавно се повлекоа соопштувајќи дека неможат да го контролираат протестот.
Самите протести пак освен протесните прошетки беа некако дисперзирани, што се припиша на репресивните мерки на власта на Вучиќ кој е обвинет дека користел и некои методи кои се забранети, тука потенцирајќи го фамозниот звучен топ, чии преформанси не и се познати на пошироката јавност.
Од друга страна Вучиќ и српската полиција успеаа да го обезбедат протестот и со помали инциденти да ја исконтролираат безбедносната состојба во Белград и Србија.
Се поставува прашањето што понатаму?
Кои ќе бидат следните чекори на студентите? ќе ги продолжат протестите или ќе се обистини најавата на Вучиќ дека во недела на 15 март се ќе заврши?
Студентите најавуваат дека протестите кои се означени со терминот „пумпање“ ќе продолжат и како што најавуваат многу посилно отколку што тоа беше изминативе месеци.
Тие најавуваат дека ќе ги продолжат блокадите. Нема враќање на факултетите во однос на продолжување на учебната година се додека не се исполнат нивните барања.
Кои се нивните планови и идни активности засега не е познато. Во јавноста има одредени очекувања дека студентите јасно и недвосмислено ќе излезат во јавноста со осуда на претседателот на Србија и поддршка за формирање експертска влада која би ги исполнила нивните барања.
Засега во јавноста велат дека нивните пленумци не се изјасниле за ова, дека немаат став по ова прашање и продолжуваат со ненасилните протести.
Целата анализа во видеото погоре во текстот