ВИДЕО | Андоновиќ: Српскиот патријарх Порфириј е умерен, флексибилен и без тврди ставови

Фото: Ranko Suvar / CROPIX / Sipa Press / Profimedia

Четириесет и шестиот српски патријарх Порфириј (секуларно име Првослав Периќ) се смета за релативно умерен црковен великодостојник, за разлика од неговите претходници кои ја обавуваа функцијата поглавар на СПЦ.

Овој 61- годишен српски патријарх на оваа позиција дојде по смртта на неговиот претходник Патријархот Иринеј. Порфириј беше избран на позицијата поглавар на СПЦ откако претходно од 2014 година управуваше со Загрепско-љубљанската митрополија на СПЦ.

Прогласен е за патријарх на Српската православна црква на 18 февруари 2021 година.

Познато е дека Порфириј додека бил Митрополит во Загреб уживал углед но и имал доста контакти со тамошниот политички интелектуален и уметнички крем. Неговата умереност се покажува на дело ако се земе во предвид дека во услови кога сте преставник на еден народ и една црква во друга држава друга вероисповед, и притоа имате лоша историја на односи, вистински успех била неговата улога во тамошното општествено делување. Она што дополнително му дава куриозитет на Порфириј е тоа што за разлика од неговите претходници на тронот на СПЦ тој е многу по флескибилен кога се работи за некои важни и конзервативни сфаќања на Српската Црква.

Според упатените во настаните во СПЦ, митрополитот Порфириј нема толку цврст став за независноста на Косово како многу други епископи, што му отвора можност на претседателот Вучиќ полесно да го реши ова прашање преку преговори со Приштина. Имајќи предвид дека Црквата досега јасно потенцираше дека е прифатливо само Косово да го третира како дел од Србија, назначувањето на Порифриј може да значи промена на курсот и оддалечување на СПЦ од овој проблем.

Засега е повеќе од јасно дека неговата улога во признавање на автокефалноста на МПЦ е голем исчекор во идните односи меѓу братските православни цркви.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот