ВИДЕО| Андоновиќ: Синхронизиран напад врз Русија? Американски ракети паднаа на Крим, терористи извршија акција врз верски објекти во Дагестан

Анализа со Андоновиќ / Фото Слободен печат

Најмалку 19 лица загинаа во вчерашните серија напади во јужната руска провинција Дагестан, а убиени се и пет напаѓачи, пренесоа руските агенции.Вооружени напаѓачи отворија оган врз синагога и две православни цркви во Дербент, како и врз полициска станица во Махачкала.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во терористичкиот напад загинал и православен свештеник, а биле запалени синагога и православна црква.

Според новинските агенции дошло до улични борби во Махачкала, административниот центар на Дагестан при што биле убиени петте напаѓачи, а беше јавено и за настрадани цивилни.

Засега ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападите.

Дагестан е претежно муслиманска руска провинција на Каспиското Море.

Терористичките напади во Севастопол, Дербент и Махачкала, извршени за време на еден од најважните христијански празници, предизвикаа шок низ цела Русија, наведуваат РИА Новости.

„Исламските екстремисти, украинските милитанти и странските разузнавачки служби дејствуваа заедно, извршувајќи координиран напад врз мирното население на Русија“, се наведува во оваа руска агенција.

Официјална Москва обвини дека на овој терористички акт претходел напад врз Крим и градот Севастопол, каде околу пладне по московско време, според Кремљ биле забележани пет американски ракети АТАКМС со касетни боеви глави.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Соединетите Американски Држави се одговорни за смртоносниот украински напад врз Севастопол, во кој загинаа четири лица, а околу 120 беа повредени. Од друга страна, шефот на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов изјави дека Русија нема да ги почувствува последиците од војната сè додека борбите се локализирани во Украина и дека поради тоа конфликтот мора да се префрли на руска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот