ВИДЕО | Андоновиќ: Се разгорува војната во Сирија, продорот на исламистите во Алепо, ескалација од историски размери?

Најмалку 25 лица, меѓу кои десет деца, загинаа во воздушни напади во Северозападна Сирија, извршени од сириските владини сили и Русија во неделата, соопшти утринава сириската опозициска служба за спасување позната како Бели шлемови.

Воени извори изјавија за Ројтерс дека руски и сириски авиони го нападнале градот Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците, во Северна Сирија во неделата.

Сириската армија соопшти дека повторно освоила неколку градови кои ги зазеле бунтовниците во последните денови.

Сириската армија и Русија рекоа дека цел биле засолништата за бунтовниците и негираше дека биле нападнати цивили.

Исто така, сириската армија во саботата соопшти дека била принудена да ги прегрупира своите сили додека одбива терористички напад врз Алепо, вториот по големина град во Сирија, со цел да ги спаси животите на цивилите и војниците додека се подготвувале за контранапад.

Во северозападна Сирија се случи она од што многумина стравуваа. Беше само прашање на време, односно погоден момент кога ќе експлодира акумулираната опасност од Идлиб, а тоа се случува токму сега.

Борбите за ослободување на сирискиот град Алепо траеја со години и тој конечно беше ослободен пред 8 години, од страна на регуларната сириска армија на претседателот Башар ел Асад кој со помош на руската армија успеа да извојува победа.

Сириските бунтовници минатата недела започнаа голема офанзива против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Владините трупи изгубија значителна територија по ненадејниот напад од борците предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам поранешниот огранок на Ал Каеда во Сирија, порано познат како Фронт Ал Нусра.

Водач на сириските милитанти и главен командант на групата е  Мухамед ал-Џулани кој  според непотврдени информации,  бил убиен во руски воздушни напади во неделата, но ова се неофицијални информации од медиумите.

Во видео изјавата со која ја најавува офанзивата, бунтовничкиот воен командант, потполковник Хасан Абдулгани ја опиша операцијата како одбранбена неопходност.

За да се запрат нападите врз нашиот народ, оваа операција не е опција. Обврска е да се брани народот и неговата земја. На сите им стана јасно дека режимските милиции и нивните сојузници, вклучително и иранските платеници, му објавија отворена војна на сирискиот народ – ја пренесе неговата изјава „Њујорк тајмс“.

Непосредните цели на бунтовниците вклучуваат запирање на воздушните напади врз цивилни области, враќање на територијата и прекинување на критичните патишта за снабдување на владините сили, се наведува во прогласот на оваа теористичка организација.

Додека режимот на Асад контролира околу 70% од територијата на Сирија, поголемиот дел од оваа контрола почива на поддршката од надворешни сојузници, како што се Русија и Иран.

Покрај тоа, офанзивата ризикува повторно да разгори пошироки конфликти во Сирија. Исламската држава, иако поразена, сепак постои во регионот преку заспани ќелии. Слабеењето на владината контрола може да создаде простор за овие екстремистички групи да се регрупираат и да ги прошират своите активности.

Според некои медиуми, Башар ал Асад се наоѓа во Русија, каде што побегнал по офанзивата на бунтовниците.

Офанзивата доаѓа во време кога Иран и неговите прокси групи, вклучувајќи ги Хамас и Хезболах, се зафатени со борби на други места. И Русија е зафатена во Украина, што ја ограничува нејзината способност значително да ја поддржи сириската влада. Турција поддржува некои од бунтовничките фракции вклучени во офанзивата.

Целата анализа можете да ја погледнете во видеото на почетокот на текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот