ВИДЕО | Андоновиќ: Се наѕираат контурите на новата фаза на војување во Украина

Анализа со Дејан Андоновиќ, Утрински печат, 27 јануари 2023 / Графика: Слободен печат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди одлуката за испраќање на најсовремени тенкови во Украина, нарекувајќи ги напорите за одбивање на руската инвазија „луда војна“.

Во неговата последна критика за помошта за Украина, Трамп рече дека испраќањето тенкови „Абрамс М1“ претставува ескалација што може да доведе до нуклеарна војна.

„Прво доаѓаат тенковите, а потоа нуклеарните оружја“, напиша Трамп на својата страница на социјалните мрежи. „Завршете со оваа луда војна, сега. Толку е лесно“, порача Трамп.

На теренот сè уште се водат битки за заземање на градот Угљедар во Доњецката Народна Република, а руската војска тврди дека заземањето на тој град ќе го промени односот на силите на фронтот.

Руските сили изминативе денови забележаа голем напредок на фронтот особено, што по падот на Соледар, фокусот на руските напади е градот Бахмут кој е прашање на време кога ќе биде освоен.

Руските сили се подготвуваат и за нова офанзива кон Запорожје. Сепак, и покрај овој напредок, руската воена команда има сознанија дека украинската армија со околу 50 илјади војници се концентрира во фронот на Северодоњецк каде и се очекува удар.

Доколку овие сили го пробијат Северодоњецк, сериозно ќе се наруши руската одбранбена линија на целиот донбаски регион. Оттаму и гневот на Москва за одлуката за испорака на германски, британски и американски тенкови кои, како офанзивно оружје би требало да бидат испратени токму за потребите на новата украинска офанзива во најава.

Сепак после обвинувањата за испорака на тенкови и сѐ појасниот сигнал од западот дека војната продолжува, Москва вчера објави дека има оружје што може автоматски да ги погоди модерните тенкови „Леопард 2“ и „Абрамс“.

Дмитриј Рогозин, поранешен шеф на Роскосмос и советник на Путин, тврди дека се работи за беспилотна копнена платформа Маркер.

Овој робот тежок три тони е опремен со модуларно оружје, вклучително и противтенковски ракети, може автоматски да препознава цели и самостојно да одлучува што ќе биде приоритет.
Рогозин вели дека за борба против „Леопард“ и „Абрамс“, доволно е да се вчитаат соодветните профили во меморијата на машината.

Сепак, руските медиуми јавуваат дека според плановите во текот на наредните денови ќе бидат испратени само четири вакви роботи на украинска територија.

По САД и Германија, голем број западни земји најавија дека ќе испратат тенкови во Украина. Украина покрај тенковите од западот бара и дополнителни ракетни системи и борбени авиони.

Сите овие барања и шпекулации укажуваат дека, војната во Украина наскоро ќе влезе во нова фаза: Копнени тенковски и воздушни битки, наместо, како што досега беа артилериски и ракетни дуели, кои ги одбележаа досегашните 338 дена од почетокот на украинската војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот