ВИДЕО | Андоновиќ: Рускиот воен сојуз ОДКБ на пресвртница или пред распаѓање?

Земјите-членки на ОДКБ/ Фото Anton Novoderezhkin / TASS / Profimedia

Состанокот на шефовите и министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОДКБ испрати јасни сигнали за нефункционалноста и можното распаѓање на овој руски воен сојуз.

Вечерта пред состанокот, Ереван беше зафатен од бран демонстрации со барање за повлекување на Ерменија од оваа алијанса и истакната поддршка за Украина.

Тие скандираа и кон Путин, кого толпата го нарече крадец и убиец. Протестите и собирите на граѓаните продолжија и во текот на следниот ден. Беше организирана дури и средба пред рускиот конзулат, на која роднините ги побараа своите мртви пријатели и роднини, како и затворениците од ерменско-азербејџанскиот конфликт, а директно барање беше испратено и до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Русија, доминантниот играч во ОДКБ, долго време беше главниот арбитер на Јужен Кавказ, кој се граничи со Турција и Иран, и каде Ерменија и Азербејџан водеа две големи војни од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Односот кон Москва драматично се смени откако Кремљ не упати воена помош во неодамнешните судири со главниот ерменски непријател Азарбеџан кој во последниот конфликт речиси целосно го зазеде Нагорно Карабах, спорна територија за која постои повеќедецениски конфликт меѓу овие две поранешни советски републики.

Ерменија побара помош од организацијата во септември, но доби само ветување дека ќе испрати набљудувачи. Пашинјан го спореди ова со брзата одлука на алијансата да испрати војници во Казахстан, членката на ОДКБ, за да му помогнат на претседателот Касим-Жомарт Токаев да го преживее бранот немири.

Поради ова ерменскиот премиер ја доведе во прашање ефикасноста на шестчлената Организација на Договорот за колективна безбедност.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Пашинјан ненадејно ја завршува средбата, без никаква потпишана декларација, оставајќи ги Путин и Лукашенко без зборови.

Организацијата на колеткивна Бебзедност ОДКБ е регионална меѓународна организација создадена на територијата на поранешниот СССР, која се заснова на безбедносно-воена соработка. Ова е област која е делумно застапена во рамките на Заедницата на независни држави (ЗНД). Покрај Шангајската организација за соработка (СЦО), каде што оската Пекинг-Москва, заедно со централноазиските земји од постсоветскиот простор, гради безбедносен сојуз од евроазиско значење, ОДКБ претставува потесен воено-безбедносен сојуз на важни земји од постсоветскиот простор.

Членки на Организацијата на колеткивна Бебзедност ОДКБ се Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија, Киргистан и Таџикистан.


Земји набљудувачи се Авганистан и Србија а во преговори за идни членки се Индија, Египет и Иран со кои се преговара последниве 8 години.

Поранешни членки, односно земји кои излегоа од овој сојуз се Азербејџан, Грузија и Узбекистан. Сите три поранешни советски републики излегоа од сојузот поради воинствената политика на Москва пред се во воената интервеција во Грузија.

Сега и таканаречената руска спецјална воена операција во Украина станува главен мотив за најава на Казахстан и Ерменија да ја напуштат ОДКБ, бидејќи не се согласуваат и не сакаат да учествуваат во воените дејствија кои Русија во моментов ги спроведува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот