ВИДЕО | Андоновиќ: Регионот на границата меѓу Полска и Литванија Сувалки, „Ахилова пета“ на НАТО?

Калининград фото EPA-EFE/Adam Warøawa POLAND OUT

Светот се повеќе се плаши од ескалација на руската инвазија на Украина и директен конфликт меѓу Русија и НАТО, а Москва веќе има два „центра“ среде Европа како почетна точка за отворање нов фронт и блокирање на алијансата – енклавата Калининград и Придњестровскиот сепаратистички регион.

Самиот Путин неодамна сугерираше дека неговите територијални апетити растат како што инвазијата на Украина се приближува кон петтиот месец, кога самиот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека Советскиот Сојуз е „историска Русија“. Путин на тој начин истакна дека поранешните советски земји се дел од руската сфера и дека ја ризикуваат судбината на Украина доколку тргнат против интересите на Москва, а меѓу поранешните советски држави, кои се повеќе се загрижени за таквата судбина со развојот на настаните во Украина, се трите балтички држави Литванија Летоннија и Естонија.

Калининград EPA-EFE/VALDA KALNINA

Калининград – критично важно пристаниште уште од советско време – е достапно за остатокот од Русија по копно преку две други држави. Областа останува важна бидејќи во зима е без мраз, сметаат експертите. Најпрактичниот копнен пат од Москва до Калининград е преку Белорусија и Литванија.

Калининград го дели регионот на границата меѓу Полска и Литванија, Сувалки, од рускиот сојузник Белорусија, која се смета за „Ахилова пета“ на НАТО. Со окупирање на коридорот Сувалки на литванско-полската граница – исто како што гради копнен мост меѓу Русија и Крим – Путин би можел да ги поврзе руските трупи во Калининград, клучната руска станица, со оние стационирани во Белорусија, која, со владеењето на Лукашенко е де факто руски протекторат.

Калининград фото EPA-EFE/Adam Warøawa POLAND OUT

Тесниот копнен коридор би бил клучен за префрлање на силите на НАТО на Балтикот во случај на конфликт со Русија. Но, според извештаите има околу 200 илјади руски војници во енклавата Калининград, како и оние групирани во Белорусија, кои алијансата де факто ги смета за дел од руската армија. Евентуален синхронизиран руски напад од овие две точки би можел да го отсече Балтикот и Полска и да им овозможи на руските трупи да ги прегазат Литванија, Естонија и Летонија за само три дена, се наведува во студијата од RAND од 2016 година.

Во април, литванскиот министер за одбрана Арвидас Анушаускас предупреди дека Русија веќе има нуклеарно оружје во балтичкиот регион и дека тоа било распоредено во Калининград уште пред да започне руската инвазија врз Украина. Како растеше стравот од инвазија врз Украина, Литванија најави дека ќе побара од САД трајно да стационираат војници во Литванија.

САД се заканија, претставниците на Република Српска одговорија дека не се плашат од санкции/ Фото: МИА

Литванија како прва од републиките која го напушти СССР е особено загрижена поради руската инвазија, а неодамнешните повици за поништување на нејзината „незаконска независност“ само ги поттикнаа овие стравови. Нов шок дојде викендов, кога литванската национална железница, во согласност со европските санкции, објави дека повеќе нема да дозволува транзит на одредени стоки преку нејзината територија од Белорусија до Калининград, вклучувајќи јаглен, метали и градежни материјали. На ова остро реагираше Москва која се закани со големи последици кон Литванија доколку не ја повлече одлуката. Засега од Москва доаѓаат само вербални закани, но светот е во исчекување што тоа Русија би можела да ја казни Украина. Евентуален руски воен напад врз Литванија како земја членка на НАТО ќе значи и директна војна меѓу Русија и НАТО алијансата.

Знамиња на НАТО и Литванија/ Фото Michele Ursi / Alamy / Alamy / Profimedia

Западните воени планери предупредуваат дека областа на коридорот Сувалки веројатно ќе биде една од првите цели на Путин доколку конфликтот во Украина ескалира и неговите сили влезат во директен конфликт со НАТО.

Не треба да се занемари уште една блиска област од стратешко значење што е во опасност од преплавување на конфликтот – Готланд. Најголемиот шведски остров е загрижен откако очекуваниот влез на Шведска и Финска во НАТО дополнително ја зголеми температурата во поширокиот регион на Балтичкото Море. Приклучувањето на двете скандинавски земји во Алијансата би можело да и отежне на Русија да го отсече Балтикот од остатокот од Русија , но исто така ќе го претвори Балтичкото Море во она што некои го нарекуваат „Езеро на НАТО“, што би можело да и даде уште поголем поттик на Москва да започне со употреба на воена сила да изгради копнен мост до енклавата Калининград “.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот