
ВИДЕО| Андоновиќ: Путин и Трамп се договорија да работат на брз прекин на огнот, но војната во Украина се интензивира
Американскиот претседател Доналд Трамп и Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од два часа разговараа по телефон за завршување на војната во Украина.
Препорачано
Тие се согласија дека мировните преговори во врска со руско-украинската војна треба веднаш да започнат, соопшти Белата куќа.
Путин го прифати предлогот Русија и Украина да престанат да ја таргетираат енергетската инфраструктура на 30 дена. По разговорот и наредил на руската војска да ги прекине нападите.
Тие се согласија да создадат руски и американски експертски групи за решавање на конфликтот во Украина на билатерална основа.
„Се договоривме за итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и, на крајот, да ставиме крај на оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, рече Трамп.
Тој додаде дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со Путин и дека разговарале за „многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници умираат и дека и претседателот Путин и претседателот Зеленски сакаат тој да заврши“.
Путин го информирал Трамп дека Русија и Украина денеска ќе разменат по 175 затвореници. Како гест на добра волја ќе бидат префрлени 23 тешко ранети украински војници кои се лекуваат во руските болници.
Тие ја истакнаа важноста од запирање на ширењето на стратешкото нуклеарно оружје.
Неколку часа подоцна, двете страни регистрираа напади на нивна територија.
„Русија напаѓа цивилна инфраструктура и луѓе во овој момент“, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, во текот на ноќта на комуникациската платформа „Телеграм“.
Неколку украински извори објавија дека набргу по разговорите Трамп-Путин, Русија ја нападнала енергетската инфраструктура во градот Славјанск, кој останал без електрична енергија.
Nice. A few hours after ?? attacks Sloviansk power plant following the phone call, ?? has apparently responded with a very effective strike on ?? crude oil export capabilities.
Keep it up ?? as you are winning the strategic strike war! https://t.co/tecpDfUti0
— Will Thiel ???? (@willthiel) March 19, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во однос на модалитетите на удари врз енергетските капацитети, Киев ќе ги поддржи таквите предлози, но дека е многу важно да се знаат деталите и што всушност се предлага.
Зеленски истакна и дека очекува од Трамп да добие детали за преговорите, по што неговиот тим ќе подготви целосен одговор.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади, вклучително и нападот врз болницата во Суми и нападите врз градовите во регионот на Доњецк, ги одразуваат вистинските цели на Москва.
Во пораката објавена на каналот Телеграм, Зеленски рече дека Русија користи беспилотни летала и други напади врз цивилната инфраструктура, додека воздушната одбрана на Украина се обидува да се спротивстави на овие напади, пренесе Укринформ.
Тој предупреди дека овие напади го уништуваат енергетскиот систем на Украина и секојдневниот живот на граѓаните, нагласувајќи дека Украина мора да продолжи да врши притисок врз Русија за да се постигне мир.
Зеленски, исто така, посочи дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил предлогот за целосен прекин на огнот и го повика светот да ги спречи сите обиди на Москва за одолговлекување на војната.
Според Зеленски, одговорот на меѓународната заедница треба да вклучува санкции за Русија, помош за Украина и зајакнување на сојузниците во слободниот свет, како и работа на безбедносни гаранции.
Тој нагласи дека единствениот вистински пат кон мирот вклучува вистински прекин на руските напади врз цивилната инфраструктура.
Останува да се види кој ќе биде епилогот од средбата најавена за 23 март во Саудиска Арабија меѓу преставниците на Русија и САД.
Според најавите тие ќе разговараат за деталите од постигнатите договори по разговорите меѓу претседателите Путин и Трамп.
По овој состанок се поизвесно е дека наскоро би можело да дојде и до средба меѓу Путин и Трамп.
Целата анализа во видеото погоре во текстот