ВИДЕО | Андоновиќ: Путин денеска ќе одржи голем говор, се стравува дека ќе објави нова мобилизација

Анализа со Дејан Андоновиќ / Утрински печат на Слободен печат, 18 јануари 2023
Анализа со Дејан Андоновиќ / Утрински печат на Слободен печат, 18 јануари 2023

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи говор. Засега не се соопштува која е причината и што би била главната тема на денешнoто вонредно обраќање на Путин.

Оваа најава во светската, но и домашната јавност ги подгреа шпекулациите дека Пyтин денска би можел да објави нова одлука од која стравуваат многумина во Русија.

Нов бран на мобилизација би бил логичниот потег на Кремљ, кој веќе најавува скроена нова фаза на војната во Украина.

Имено, Русија во моментов има околу 150 илјади војници на боиштата во Украина и уште 300 илјади војници кои беа опфатени во првиот бран на „делумна мобилизација“ спроведен во септември. Тогаш беа мобилизирани лица, повеќето од посиромашните области во Русија. Првиот бран на „делумна мобилизација“ што го најави Путин во септември доведе до масовно бегство на мажи од Русија кои можеа да бидат мобилизирани.

Со смената на коамндната структура и ставањето под целосна команда на сите родови на руската армија која с ебори во Украина, под началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов, се очекува руските сили да го завршат пробивот кај Бахмут и да отпочнат следна фаза во уништувањето на Украинските сили. Земајќки ги во рпедвид временските услови, руските генерали сакаат да ја искористат поволната клима и замрзнатат земја и да отпочнат со длабок пробив со тенкови и оклопно механизираните сили низ украинските одбрамбени линии.

Подолго време во јавноста се шпекулираше и се проценуваше дека Русија во оваа воена интевренција има недоволен број на војници за остварување на воените цели во големата територија на Украина. Стратегијата на надополнување на руските сили со доброволци, припадницте на приватната компанија Вагнер, и чеченските борци, се покажа недоволна за остварување на плановите на Москва за кршење на украинскиот отпор.

Оттаму и логично е да се очекува Русија да спроведе дополнителна мобилизација бидејќи процесот на обука и пополнување на единиците е процес кој обично трае најмалку неколку месеци. Евентуално новите мобилизирани војници би биле оепративни на пролет, за кога и се најавува новата руска офанзива во Украина.

И институтот за проучување на војната (ИСВ) тврди дека претседателот би можел да ја искористи оваа можност да прогласи втор бран на мобилизација.

Во последните денови Кремљ негираше дека Русија планира втор бран на мобилизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот