ВИДЕО | Андоновиќ: По „Викиликс“, „Пандора“ им се заканува на светските лидери

Фото: Архива на „Слободен печат“

Резултатите од анализата на милиони протечени документи објавени вечерва од најголемата истражувачка мрежа во светот откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните раеви. Меѓу познатите личности чии финансиски тајни ги откриваат се државници, милијардери, спортисти и познати личности.

Истражувањето спроведено од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и тим од 150 медиуми открива дека повеќе од 330 високи политичари и функционери ширум светот имаат сметки во офшор компании.

Меѓу нив се поранешниот британски министер Тони Блер, јорданскиот крал Јордан Абудула Втори, кенискиот претседател Ухуру Кениати, рускиот претседател Владимир Путин, чешкиот премиер Андреј Бабиш, црногорскиот претседател Мило Џукановиќ и пејачката Шакира.

Јавните личности најчесто користат офшор сметки за тајни трансакции и управување со голема сума пари, со цел да го сокријат своето вистинско богатство.

Аферата „Паднора“ е трета по ред, по аферата „Парадајз“ во 2015 и аферата „Панама“ 2017 година. Сите три афери беа поврзани со богатсвото и криењето на финансиите на светските милијардери и влијателните политичари.

Аферата „Пандора“ практично преставува финансиски „Викиликс“ кој обелодени илјадници дипломатски документи за светските политичари и влади. Аферата Пандора директно ги става на удар светските политичари но овој пат нивните финансии и перење пари низ даночните раеви низ светот.

 

Видео на денот