ВИДЕО | Андоновиќ: По САД и Британија испраќа „дипломатски тешкаш“ во улога на специјален преставник за Западен Балкан

западен балкан
Западен Балкан, знамиња / Фото: Слободен печат, архива

Премиерот Борис Џонсон за Специјален претставник за Западен Балкан, го назначи поранешниот шеф на британскиот генералштаб Сер Стјуарт Пич. Пич ќе ја преземе оваа улога откако се повлече од функцијата Претседавач со Воениот комитет на НАТО на почетокот на оваа година, улога што ја извршуваше од 2018 година. Претходно беше Началник на Генералштабот на армијата на Обединетото Кралство.

Како специјален претставник на премиерот, Сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан, и други претставници од регионот, како и со нашите сојузници од САД и Европа во поддршка и зајакнување на регионалната стабилност.

Како што е наведено, фокусот на овој поранешен генерал и воен разузнувач ќе биде Босна и Херцеговина. Ангажманот на Сер Стјуарт ќе биде поддршка на ангажманот на меѓународниот Висок претставник, Кристијан Шмит, кој продолжува да ја има целосната поддршка од Обединетото Кралство. Оваа поддршка се смета за јасен став на Лондон околу иднината на спецјалниот преставник во Босна особено откако лидерот на босанските Срби и актуелен член на босанската федерација Милорад Додик го негира мандатот на специјалниот пратеник Шмит и се заканува со отцепување на српскиот ентитет од босанско херцеговската федерација.

Од друга страна и Америкаснкиот Стејт Департмент со назначување на уште еден дипломатски тешкаш, Габриел Ескобар само ги најави настојувањата на Вашингтон и западот за тоа како ја гледа иднината на регионот, особено по неодамнешните случувања и тензиите во Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Упатувањето на таканаречените „булдожер дипломати“ во регионот се толкува како силна определба на Вашингтон, Лондон и ЕУ за стабилизирање на состјбата во регионот но и сузбивањето на таканареченото руско влијание, кое изминатиов период се покажа за доста посилно и поприсутно одошто се сметаше, а се докажа преку изборните процеси во некој од државите на Западен Балкан. А сето тоа во време на зголемени тензии меѓу Русија и Западот пред се околу Украина но и испораката на рускиот гас за Европа што навестува дека може да предизвика безбедносна и гасна криза.

Останува да се види дали овие силни и искусни дипломати испратени до Вашингтон и Лондон ќе придонесат кон конечното решавање на замрзнатите конфликти кои веќе 30 години од распадот на поранешна СФРЈ го дестабилизираат регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот