ВИДЕО | Андоновиќ: Отворен широк фронт против интересите на Русија – Каков ќе биде одговорот на Москва?
Сирија, Украина, Грузија, Молдавија, Романија, се држави во кои Москва има своја сфера на интерес, а полека но сигурно ги губи своите инсталирани режими.
Привидниот мир во Сирија изминатава недела се претвори во жестока офанзива на бунтовниците и исламистите кои секојдневно освојуваат територии и се закануваат да го урнат режимот на Башар ел Асад, кој како сојузник на Москва беше спасен од обидот за преврат пред години.
Последните информации укажуваат дека по падот на вториот по големина град Алепо, пред освојување е и третиот Хама, од каде регуларните сириски трупи на Башар Ел Асад панично се повлекуваат.
Главната цел на овие бунтовнички групи ги обзнани јавно водачот на најголемата исламистичка група позната како фронт на АЛ Нусра, Абу Мухамед ал Џолани.
Тој е водач на сунитската исламистичка организација Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која ги освои Алепо и Хама, градови од клучно значење за претседателот Башар ал Асад.
Иако арапските медиуми набрзо по почетокот на офанзивата на џихадистите објавија дека Ал Џолани најверојатно ќе биде убиен во воздушен напад извршен од руските сили, сојузниците на Асад во Сирија, тоа се покажа како лажно.
Во првото интервју што го даде по многу години, Ал Џолани за американската телевизија изјави дека целта на неговата организација, која е создадена со одвојувањето од огранокот на Ал Каеда во Сирија, е да го собори Асад од власт.
Си-ен-ен јавува дека интервјуто било направено на тајна локација, а во него Ал Џолани зборувал за плановите за формирање влада врз основа на институции и „совет избран од народот“.
Оваа организација била позната и како Фронт Ал Нусра и извршила бројни ужасни злосторства.
На почетокот на 2017 година, Ал Џолани се отцепи од Ал Каеда и ја формираше ХТС, позната и како Организација за ослободување на Левант.
Освен САД, и Турција и Обединетите нации ја сметаат ХТС за терористичка организација и покрај напорите на Ал Џолани да се дистанцира од своите корени.
Вашингтон за него има потерница, а неговата ликвидација или апсење е уценето на 10 милиони долари.
Случајно или не, тој сега е вклучен во широкиот фронт кој е отворен против интересите на Русија, кој наликува на диригирана операција низ неколку точки на светот.
Руската морнарица вчера започна со повлекување на своите бродови „тартус“ од руската поморска база на Средоземното Море. Овие бродови се дел од црноморската флота и беа засолнети во сириското пристаниште со цел да ги заштитат од уркаинските напади врз Крим.
Паралелно, во Грузија секојдневно се случуваат жестоки улични протести на проевропските граѓани кои се противат на актуелната грузиска влада, која има блиски релации со Москва, за да се суспеднира патот на Грузија кон ЕУ.
Идентични процеси се случуваат и во Молдавија и Романија.
Во Украина продолжува исцрпувачката војна. Плашејќи се дека ќе падне од власт на вонредните избори закажани за април, владата на Шолц на гласљање пред Бундестагот ја стави опцијата на Украина да и се испорчаат далекуметните ракети „таурус“, со кои ниту Москва веќе нема да биде безбедна.
Владата на Макрон падна, а се бара и негова оставка.
Целата оваа нестабилност во пресрет на доаѓањето на амдинистрацијата на Трамп, само укажува дека светот би можел да влезе во ескалација на и онака воената атмосфера која во моментов владее во светот.
Оттаму и сериозно треба да се земе предвид изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во своето интервју дадено за американскиот новинар Такер Харлсон недвосмилсено рече дека се надева оти Западот „сериозно ја сфатил“ неодамнешната употреба на хиперсонична ракета против Украина и предупреди дека Русија е подготвена да ги искористи „сите средства“ за да се одбрани.