ВИДЕО | Андоновиќ: Офанзивна воена реторика на Москва

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Војната во Украина влегува во 89 ден. Во моментов најтешка е ситуацијата на истокот на земјата во регионот на самопрогласените проруски области Лугански и Доњецк каде руските сили заедно со проруските воени формации се обидуваат да ги потиснат Украинците и да воспостават контрола врз целата донбаска област.

Овие информации практично ги потврдија најавите дека во овој регион во наредниот период ќе дојде до финале на руско – украинскиот воен судир, од кој исход од овие судири ќе го покаже и победникот во оваа војна. Се смета дека во овој регион нардениве денови може да дојде до најголем копнен судир на две армии по Втората светска војна.

руски тенкови EPA-EFE/

Имено, во овој регион според извештаите се распоредени најсилните и најдобро опремените украински воени единици кои го држат градот Славјанск во донбаската област. Градот Славјанск, е стратешки важна точка бидејќи преку него се снабдува со вода целиот регион на Доњецк. Украинските сили подолго време ја запираат водата за пиење која се дистрибуира во градот што дополнително го отежнува животот на тамошните граѓани. Руските сили се обдуваат да го освојат овој град и да воспостават нормално снабдување со вода.

Мапа на Украина и Русија/ Фото Profimedia

Во меѓувреме траат ракетните напади на руската армија која соопшти дека досега уништила неколку контингенти на оружје кои НАТО земјите ги испраќаат како помош за украинските воени сили.

Проценките дека во наредниот период ќе се интензивираат воените судири кои според украинскиот престедател Зеленски ќе бидат невидено крвопролевање, се потврдуваат и со најавите на Москва дека планира до крајот на есента да произведе и распореди околу 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат”, способни за нуклеарни напади.

Според генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос” Дмитриј Рогозин, ракетите ќе бидат изработени во производствените капацитети во сибирскиот град Краснојарск.

/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Русија во април го изведе првото пробно лансирање на ракета „Сармат” од новата генерација. „Сармат” има дострел од 18 илјади километри и може да биде опремена со нуклеарни боеви глави. Тоа и овозможува на Русија да гаѓа цели низ целиот свет со лансирање ракети преку Северниот или Јужниот пол. Претседателот Владимир Путин лансирањето на „Сармат” ракетата во април го искористи за да му се закани на Западот, во контекст на војната во Украина. Ракетата е оспособена да ги надмине сите видови одбрана и да ги натера државите „подобро да размислат” пред да и се закануваат на Русија, рече тогаш Путин.

Оваа закана доаѓа откако неутралните Финска и Шведска најавија дека ќе влезат во НАТО. Како контра закана Русија предупреди дека со нивнот влез  Артикот може да стане новото бојно поле помеѓу Русија и Алијансата.

Апликациите на Шведска и Финска за членство во НАТО/ Фото EPN / Newscom / Profimedia

Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот и безбедноста во арктичкиот регион.

Токму овие мрачни прогнози ги интензивираа и амбициите на ЕУ повторно да се обиде да ја врати идејата за формирање на заеднички европски воени сили

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека Европската унија има потреба од сопствени вооружени сили за да ја осигура нејзината безбедност.

„Новото безбедносно опкружување покажува дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност. Затоа ни е потребна модерна и интероперативна европска армија”, изјавил Борел додавајќи дека крајнo време е да се подобри европската одбрана и да се зајакне европската одбранбена индустрија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот