ВИДЕО | Андоновиќ: Неуспех на „макронијата“ и губење на апсолутното мнозинство во парламентот – рекорден број гласови за политичкотo семејство Ле Пен

Фото: EPA

Центристичката коалиција „Заедно“ на францускиот претседател Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство во парламентот во вториот круг од парламентарните избори, а екстремната десница на Марин Ле Пен го зголеми бројот на 0пратенички места, покажуваат првичните резултати.

Коалицијата на Макрон освои 245 од 577 места, беше објавено во текот на ноќта по пребројувањето на гласовите.

Апсолутно мнозинство во францускиот парламент е обезбедено со 289 пратенички места.

Жан Лук Меланшон EPA-EFE/YOAN VALAT

Левицата предводена од социјалистот Жан-Лук Меланшон постигна добар резултат, освојувајќи 131 место и ќе биде втора партија во парламентот.

Меланшон, синоќа по вториот круг од парламентарните избори во Франција го поздрави „целосниот распад на претседателската партија“.

„Никој нема мнозинство. Франција се изјасни и тоа мора да се каже недоволно, бидејќи нивото на апстиненција е сè уште превисоко, што значи дека голем дел од Франција не знае каде да се обрати, па трите блока се на слично ниво“, рече Меланшон, пренесува Фигаро.

„Но, тоа е неуспех на „макронија“, морален неуспех на оние кои на сите им одржаа лекции. „Тие го зајакнаа националното собрание на Марин Ле Пен“, рече Меланшон.

Мари Лепен EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSO

Екстремно десничарското Национално движење на Марин Ле Пен постигна многу подобар резултат од очекуваното, освојувајќи 89 пратенички места и е трета политичка сила во идниот парламент на Франција.

„Нашата пратеничка група ќе биде убедливо најголема во историјата на нашето политичко семејство. Оваа доверба не обврзува“, истакна Ле Пен, пренесува Фигаро.

Според неа, Националното собрание ја постигнало својата цел „да го направи Емануел Макрон претседател на малцинството, без контрола на владата“ и да продолжи со политичкото рекомпонирање што е неопходно за демократска обнова.

Погледнете ја целата анализа во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот