ВИДЕО | Андоновиќ: Мировните планови на Трамп за Газа и за Украина пред пропаѓање?

Трамп му се закани на Хамас дека ќе ги „отвори портите на пеколот“ доколку не ги ослободи сите израелски заложници.

Американскиот претседател  порача дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе биде откажан доколку Хамас не ги ослободи сите преостанати заложници во Газа до сабота напладне.

Хамас вчера објави дека нема да ги ослободи заложниците до дополнително известување поради, како што рече, израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот, а потоа најави дека е можно процесот да продолжи според планираното на 15 февруари доколку прекршувањата престанат.

По овој најнов развој на настаните израелската влада ѝ нареди на војската да биде на највисока готовност во Газа и да ги брани израелските заедници.

Израелската војска подоцна објави дека нивото на тревога е подигнато и дека се планирани дополнителни сили за одбранбени мисии.

Трамп претходно најави дека одлуката за продолжување на прекинот на огнот на крајот ќе зависи од Израел, но предупреди и дека  „портите на пеколот ќе се отворат“ доколку преостанатите заложници не бидат ослободени, додавајќи дека стравува дека многумина од нив се веќе мртви.

Трамп изјави и дека може да ја прекине помошта за Јордан и Египет доколку не сакаат да примат палестински бегалци од Газа.

Палестинската терористичка група Хамас требаше да ослободи некои заложници во саботата во замена за Палестинците држени во израелските затвори, како што беше случај во претходните три недели.

Портпаролот на военото крило на Хамас, Абу Убаида, сепак, го обвини Израел дека го прекршил договорот со одложување на враќањето на Палестинците во северниот дел на Газа, гранатирање и пукање врз нив и спречување на помошта да влезе во енклавата.

Прекинот на огнот во голема мера се почитува откако стапи на сила на 19 јануари, иако имаше неколку инциденти во кои израелските сили убија Палестинци за кои тврдеа дека се членови на Хамас и претставуваат безбедносен ризик.

Поради најновиот развој на настаните посредниците во примирјето, Египет, Катар и Јордан стравуваат од целосен колапс на примирјето во Газа.

Идентичен случај е и со мировниот обид на Трамп за запирање на војната во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.

„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

„Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, нагласи Трамп во интервју за Фокс њуз.  Американскиот претседател прецизираше дека од Украина побарал ретки минерали во вкупна вредност од 500 милијарди долари.

 

Ваквата изјава на Трамп уследи по информациите дека изминатиове денови остварил разговор со рускиот престедател Путин. Иако нема детали за тоа што е зборувано, во јавноста излегоа шпекулациите дека Путин останал на цврстите ставови дека бара гаранции за остварување на зацртаните максималистички линии во контекст на руските геостратешки интереси, нешто што, барем според шпекулациите, не му оди во прилог на Трамп за запирање на војната.

Оттаму и толкувањето на изјавта на Трамп кој сега очигледно се фокурира на барањето на гаранции за ретките минерали кои ги поседува Украина, а се користат конкретно во електрониката.

Целата анализа во видеото погоре во текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот