
ВИДЕО | Андоновиќ: Минхенска безбедносна конференција – Ако пропадне планот на Трамп, САД ќе испратат војници во Украина?
Традиционално блиските односи меѓу САД и Европа со децении ја обележуваа Минхенската безбедносна конференција.
Препорачано
Основата на која почиваше тој однос беше соработка на двете страни.
Но, по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, дури и она што изгледаше прилично стабилно со децении веќе не е сигурно. Конференцијата што започнува денеска, меѓународно позната како Минхенска безбедносна конференција (МСЦ), ќе биде тест за новата состојба на трансатлантските односи.
Околу 60 шефови на држави и влади се очекува да присуствуваат на Минхенска безбедносна конференција, која е позната како најважен глобален форум за прашања од безбедносната политика. Од редовите на новата американска администрација, пристигнување во Баварија, покрај потпретседателот Џ.Д. Венс, потврди државниот секретар Марко Рубио, но не и новиот американски секретар за одбрана Пит Хегсет. Дополнително, како што најави домаќинот на конференцијата Кристоф Хојсген, се очекува да пристигне една од најголемите делегации од американскиот Конгрес што некогаш присуствувала на Минхенската безбедносна конференција. Меѓу гостите е и новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте.
Безбедносна конференција е неформален состанок на кој не се донесуваат заклучоци. Токму затоа на лице место се поттикнува отворена размена на расправии, а за конфликтите отворено се зборува.
Во својот втор мандат Трамп почна да дава нова, поостра реторика за трансатлантските односи.
Во „Минхенскиот безбедносен извештај“ објавен по повод конференцијата се цитира изјавата на американскиот претседател за време на предизборната кампања дека европските држави ги искористуваат предностите на САД во однос на трговијата, но и во рамките на НАТО. Се известува и за заканата на Трамп до Европејците: „Ако не платите, нема да ве заштитиме“.
На Трамп, му пречат недоволните инвестиции на некои европски партнери во НАТО во опремувањето на нивните воени сили.
Вашингтон досега го плаќаше најголемиот дел од трошоците на НАТО и постојано ѝ нуди на Европа сигурна воена заштита.
Трамп бара сојузниците да одвојат пет проценти од својот БДП за одбраната. Германија со голема мака едвај успева да одвои два отсто, што во меѓувреме стана (минимум) стандард во НАТО.
Ова може да има негативно влијание врз помошта за Украина, каде што САД беа водечка земја по ова прашање. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и пратеникот на Трамп во Украина, Кит Келог, ќе разговараат на оваа тема во Минхен.
Што точно ќе произлезе од овие разговори е неизвесно, но дипломатите шпекулираат дека може да дојде до замрзнување на конфликтот, при што Киев, барем привремено, ќе прифати некои територијални отстапки во корист на Русија во замена за безбедносни гаранции.
Додека претставниците на НАТО ја отфрлаат можноста за итно членство на Украина во Алијансата, зголемувањето на западните испораки на оружје за Киев се смета за пореална опција.
Келог претходно зборуваше за можноста во одреден момент да се одржат избори во Украина, нешто што не е можно според украинскиот устав додека е на сила вонредната состојба.
Трамп, пак, неодамна ја спомна можноста САД да добијат пристап до украинските наоѓалишта на минерални ретки земји „како компензација за стотиците милијарди што ги потроши помагајќи му на Киев да се спротивстави на руската инвазија“.
Најголемо внимание предизвика изјавата на попретседателот на САД, Џеј-Ди Венс дека не ја исклучуваат целосно опцијата за испраќање војници во Украина.
„Постојат економски средства за влијание, има, се разбира, и воени средства за влијание“ што САД би можеле да ги употребат против Путин, рече Венс во интервјуто дадено за Волстрит журнал.
Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го промени својот став кон Украина во зависност од тоа како ќе се развиваат преговорите.
Венс оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп е отворен за сите опции и ќе каже „Сето тоа е дел од агендата, ајде да се договориме“.
Целата анализа во видеото погоре во тесктот.