ВИДЕО | Андоновиќ: Локални избори во Црна Гора – Поради немање коалиционен капацитет партијата на Ѓукановиќ оди во опозиција

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Клучната порака на локалните избори во Цетиње, Мојковац и Петњица, одржани на 5 декември, една година по промената на власта во Црна Гора, е дека граѓаните се незадоволни од политиката од власта, но и од опозицијата,

Иако на неделните локални избори освои најмногу советнички мандати во сите три општини, Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ ќе може сама да формира влада само во Петњица. Таа по 16 години ја загуби власта во Мојковац, а во Цетиње ќе треба да преговара за коалиција.

ДПС на Ѓукановиќ како формален победник, произлегува дека е и најголемиот губитник на изборите одржани во недела.

Споредено со резултатот на минатогодишните парламентарни избори, ДПС на Ѓукановиќ загуби две и пол илјади гласови на локалните избори.

На изборите во август 2020 година, дојде до промена на власта во Црна Гора, прва по тридецениското владеење на ДПС. Партиите предводени од просрпскиот Демократски фронт, Демократите и Граѓанското движење УРА освоија мнозинство и ја испратија партијата на Ѓукановиќ во опозиција.

Иако ДПС поединечно и на тие избори освои најмногу пратенички места во државниот парламент, ниту една од партиите не сакаше да формира владејачка коалиција со нив.

Локалните избори во Црна Гора покажаа дека ДПС на Ѓукановиќ нема коалициски потенцијал за преговори за учество во владата што премина од државно на локално ниво.

Токму немањето коалиционен капацитет Ѓукановиќ во наредниот период го чекаат тешки одлуки, доколку тој и неговата ДПС сакаат „политички да преживеат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот