ВИДЕО | Андоновиќ: Крвавиот пад на Бахмут, нова пресвртница во војната

Анализа со Дејан Андоновиќ / Фото Слободен печат

Иако официјален Киев сè уште одбива да го признае тоа, се чини дека битката за градот Бахмут во источна Украина е завршена по речиси десет месеци. Победата во „најкрвавата битка“ од оваа војна, која практично го парализираше светот пред повеќе од една година, се чини дека ја извојува Русија, поточно платеничката паравоена формација Вагнер предводена од Евгениј Пригожин. Неговите сили го окупираа центарот на Бахмут, додека Украинците се на периферијата на градот. Прашањето што сега се поставува е која е следната цел на завојуваните страни, имајќи предвид дека Бахмут претставува една од најголемите пресвртници на војната во Украина.

Западните воени аналитичари сметаат дека битката за Бахмут во голема мерка ја ослабна руската армија и ја покажала слабоста на руската воена команда да организира борба на повеќе фронтови истовремено.

Во меѓувреме, Украина собира нови војници, има голема помош во оружје и воена опрема од Запад и се подготвува за долгоочекуваната пролетна контраофанзива.

Сето ова ја става Русија во непријатна позиција, со уморна армија која гради утврдувања, подготвувајќи се за следната фаза од војната, сметаат западните разузнавачи.

На југ, поточно во областа за која воените аналитичари велат дека ќе биде во фокусот на украинската контраофанзива, руските сили изградија свои утврдувања – линија од ровови и мински полиња, за да се спречи евентуалното воено украинско напредување.

Аналитичарите веруваат дека ако Украина успее да ја врати територијата, тоа ќе ѝ даде шанса на Русија да ги зајакне своите воздушни сили. Ова може да претставува многу опасна ситуација за Украинците, кои подготвуваат контраофанзива.

Имено, доколку украинскиот главен удар навистина биде насочен кон полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, Украинците може директно да влетаат во стапицата.

Ова аналитичарите го аргументираат со фактот дека Украина нема систем за воздушна одбрана на Крим од споменатата 2014 година, туку таа територија е целосно под контрола на Русија. Како резултат на тоа, силите на Киев ги немаат потребните ресурси за напад и одбрана во областа околу и во самиот Крим, за разлика од Русија, која може да ја искористи својата моќна авијација и целосно да го разбие евентуалниот украински обид за освојување на Крим.

Украина која го контролира југозападниот град Херсон, кој беше ослободен во ноември минатата година по неколкумесечна окупација се соочува со голема опасност. Реката Днепар е природна граница, руските артилериски единици можат да го гранатираат градот од источната страна со минимален ризик да бидат нападнати од копно, бидејќи нападот по море е голем потфат.

На север, руските партизани неодамна навлегоа на руска територија и зазедоа мал дел од неа, што се смета за потег со цел да се засрами Кремљ по заземањето на Бахмут.

Меѓутоа, битката за Бахмут има големо влијание врз двете завојувани страни и на понатамошниот тек на војната. И Русија и Украина инвестираа многу во луѓе и опрема за да преземат контрола врз овој уништен град, кој пред војната имаше повеќе од 70.000 жители.

Многумина аналитичари сметаат дека „Битката за Бахмут е помалку важна, кога станува збор за освоена територија. Поважно според нив е влијанието што ќе го има и врз Русија и врз Украина и во која насока ќе се движат идните воени операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот