ВИДЕО | Андоновиќ: Koj ќе завладее со украинското небо?

Анализа со Дејан Андоновиќ / Фото Слободен печат

По најавите за испраѓање на тенкови, западната јавност сè повеќе се занимава за тоа кој колку и кога ќе испрати борбени авиони за потребите на украиското воено воздухопловство.

Ова барање украиснкиот претседател Зеленски го упати во екот на дилемите дали и кој од НАТО земјите ќе испрати тенкови и борбени оклопни возила во Украина, потег кој ја натера Русија да констатира дека и официјално НАТО е влезен во отворена војна со Русија.

За потсетување, веднаш откако започна таканаречената руска специјална операција во Украина, Зеленски побара од НАТО и пред сè САД да воспостават зона на забранети летови на небото над Украина. И покрај тоа што официјално не беше одбиен, и НАТО и САД не се произнесоа зошто не ја спроведоа оваа порано видена пракса применета во Ирак, Авганистан и поранешна СРЈ.

Во изминатите војни, секогаш по правило најпрво се воспоставуваше воздушна контрола, односно, воведот на сите воени интервенции започнуваше со употреба на борбени авиони кои откако ќе воспостават контрола на небото, започнуваат со копнени операции.

Оваа војна се чини дека е исклучок бидејќи започна со нов вид на употреба на нови оружја. Покрај усовршените проектили, и употреба на таканаречената „кралица на битките“ артилеријата, се користат воени дронови, кои во изминатите 389 дена колку трае војната во Украина, покажаа дека се ефикасни во новиот начин на војување.
Сега, покрај разрешувањето на дилемата за испраќање на тенкови, започна и процедурата на убедувањето и информирањето на светската јавност за потребата за западна помош на украинското воздухопловство.

За цело време додека трае војната во Украина, нема извештаи за евентуални битки во воздух, бидејќи очигледно истите и не постојат. Руските ракети на неколкупати стрелаа врз воените аеродроми низ цела Украина, но притоа, немаше извештаи за уништени украински борбени воздухоплови.

Сега се поставува прашањето кои и колку борбени авиони се потребни за украинското воено воздухоплвство да се справи со руското.

Како и примерот со тенковите, кога САД тврдеа дека не планираат да ги испратат своите „Абрамси“, претседателот Бајден вчера изјави дека американските Ф16 нема да бидат дел од евентуалната воена помош. Од друга страна пак Франција, чиј претседател Макрон беше можеби најгласниот западен лидер за дијалог и некакви мировни преговори со Москва и Путин, вчера не ја исклучи можноста да бидат испратени француски борбени ловци како воена помош за Украина.

Има извештаи и дека во воздухопловната база во Рамшајн, Германија наголемо се обучуваат украинските пилоти да летаат на НАТО бобрените авиони.

Дали се работи за финансиски интерес или можеби заложба по секоја цена да се скрши руската воена доминација на теренот останува енигма.

Едно е сигурно. Руско-украинската војна влегува во нова фаза. Започнува подготовка за офанзива на двете војски на два различни воени правци. А за успехот во голема мерка зависи оружјето кое го поседуваат. Иако непопуларно, сепак и оваа војна потврдува дека секој вооружен конфликт всушност претставува своевиден саем на кој се преставуваат новите типови на оружја кои во иднина би требале да се продаваат во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот