ВИДЕО | Андоновиќ: Кина се здружува со Русија и се наметнува како посредник за запирање на војната во Украина

Обработка на фотографија / Фото Слободен печат

Стратешкиот избор на Пекинг е јакнење и унапредување на односите со Москва и овај курс останува непроменет, изјави кинескиот претседател Си Џипинг за време на неговата средба со рускиот претседател Путин во Москва

Кинескиот лидер, кој вчера допатува во тридневна посета на Русија со Путином е разговарал во форматот тет-а-тет, на тема билатерална соработка и актуелната состојба во Украина, како и мировнито план кој Пекинг неодамна го промовираше а се однесува за прекин на војната во Украина

Оваа средба на Си Џипинг на Москва и преде се средбата со Путин се случува во време кога поради војната во Украина, Русија е изолирана од западот а престедателот Владимир Путин се соочува со обвинувања за воени злосторства и е под поткренат налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд.

Иако, наизглед малку може да влијае врз угледот на кинескиот претседател, сепак со ова обвинение, во меѓународната јавност постои обид да се прикаже дека Пекинг разговара со, за западот, обвинето лице, што во иднина Си Џипинг може да биде оценет како соучесник. Од друга страна, наголемо се шпекулира дека Путин наводно побарал,а Си Џипинг во Москва доаѓа со некаква помош, пред сè воена и технолошка, која и е потребна на Русија.

Се разбира се е врз база на шпекулации, но она што можеби е најважно е дека западот со обвинувањето на Путин, практично ја декласираше кинеската мировна иницијатива, која од друга страна беше прифатена од самиот Путин.

Но сега очигледно додека е Путин на власт, ќе нема со кого да се преговара за постигнување на мирот, па оттаму призлегува дека војната ќе трае сè додека некој не победи.

Но обединувачкиот фактор на Русија и Кина во моментов е повеќе здружување во одбрана од заедничкиот непријател, експазијата на западот, одошто околу толку многу пријателските односи. Кина од почетокот на руската инвазија врз Украина беше воздржана кон руските воени дејствија. Ја признаа целоста на Украина, без разлика што тоа подразбира, и пред сè јасно соопштија дека војната во Украина не и одговара заради нејзината економска експанзија во Европа.

Од друга страна, на Кина полека и се стресува просторот, со иницијативите на САД, Британија и Австралија, кои формираат морнаричка боребна група, која ќе ја запре кинеската воена експанзија на Пацификот и пред сè превентивно ќе делува против евентуалните намери на Пекинг по насилен пат да го анектира тајванскиот остров.

Како последица од сите овие најнови случувања, останува дилемата.колку Кина и Русија можат да бидат заедно при евентуален поголем конфликт со западот?

Што се однесува до мировната иницијатива на Пекинг, која од пер два дена е целосно уништена, останува да се види дали кинескиот лидер ќе разговара со украинскиот претседател Зеленски и така да го повтори успехот од посредството на смирување меѓу Иран и Саудиска Арабија, тоа да го направи со Русија и Кина.

При евентуален некаков успех, Кина ќе се наметне како силна дипломатија, што со сигурност нема да биде благонаклоно гледано од нејзините опоненти во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот