ВИДЕО | Андоновиќ: Киев стравува од новите воени планови на Русија

Зеленски/ Фото: American Photo Archive / Alamy / Alamy / Profimedia

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, доцна синоќа преку својот профил на социјалната мрежа „Телеграм“ напиша дека руските сили „планираат нешто на југ“.

„И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите сѐ уште се обидуваат да напредуваат во регионот на Доњецк, да се зацврстат во Луганск, да се преселат во Харков, тие планираат нешто на југ“, напиша Зеленски.

По повлекувањето на Руските трупи од Херсон, фокусот повторно падна на полуостровот Крим, анектиран од Русија во 2014 година. Украинскиот министер за одбрана Володимир Гаврилов неодамна изјави за „Скај њуз“ дека е „можно“ нивните војници да го вратат полуостровот Крим до крајот на декември и дека сеопфатната војна со Русија би можела да биде завршена до пролет.

Сепак, не може да се игнорира дека украинските сигнали за таа кампања би можеле да бидат лажни, како кога Киев рече дека ќе започне јужна контраофанзива само за да го нападне Харков на север.

Борбите во моментов се водат во источниот регион на Доњецк, кој заедно со Луганск го сочинуваат Донбас и е еден од воените приоритети на Русија истакнати во април.

„Њујорк тајмс“ неодамна објави дека битката за градот Бахмут во Доњецк, најжестоката битка од почетокот на војната во Украина, и дека украинската страна има и по 250 ранети дневно, без да даде проценки за загинатите.

И покрај оптимистичките најави на украинците, се погласни се анализите во западните медиуми кои повикувајќи се на разузнавачки информации укажуваат дека Русија би можела пред Нова година да ја покрене најголемата воена офанзива од почетокот на спецјалната воена операција.

Се смета дека тогаш целосно ќе се замрзне каливата земја од ниските темепратури, и руската воена техника ќе може побрзо да се движи и да маневрира. Исто така се спомнуваат и неодамна мобилизираните 300 илјади војници со кои наголемо се пополнуваат борбените единици на руската армија ангажирана на фронтот во Украина.

И временските услови како и зголемувањето на бројот на руските трупи укажуваат дека Москва планира да започне нова фаза во анектирањето на Украина.

Оттаму и паничните апели на Киев чии власти бараат големи количества на оружје и воена опрема за да се одбранат од евентуалниот нов обид за упад на Руската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот