ВИДЕО | Андоновиќ: Канцеларот Курц под истрага, Ердоган наводно болен

Реџеп Таип Ердоган, Себастијан Курц
Колаж: Реџеп Таип Ердоган, Себастијан Курц / Фото: EPA

Австрија ја тресе корупциски скандал во кој директно е вмешан австрискиот канцелар Себастијан Курц и три високи партиски членови на владејачката Народна партија (ОВП)

Вчера, додека канцеларот Себастијан Курц присутвуаше во Брдо кај Крањ на самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан, австриската полиција упадна во просториите на неговата партија и изврши претрес на тројца високи партиски членови. Тие, заедно со канцеларот Курц, се обвинети за корупција и нелегално финансирање одредени спроведени анкети на јавно мислење за кои се сомнева дека биле платени на нелегален начин.

Обвинителството извршило претрес и во неколку министерства и кабинетот на премиерот под сомнение за проневера и корупција против Курц и девет други политичари, меѓу кои и неколку блиски соработници на австрискиот канцелар.

Против Курц веќе е во тек истрага поради сомневање дека дал лажна изјава пред парламентарната комисија која се занимаваше со аферата „Ибица“. Самиот Курц ги негираше овие обвиненија, обвинувајќи дека сите овие обвиненија се конструирани според, како што изјави, истата шема: „тука СМС-пораките се фрагментирани, ставени во погрешен контекст и околу сето тоа се плете правно-криминална конструкција“, рече Курц.

Курц потсети на обвинувањата против него и министерот за финансии, Гернот Блумел, за време на истрагата за т.н. афера „Ибица“, што подоцна се покажаа како неточни.

За оваа афера реагираше и австрискиот претседател Александар ван дер Белен, кој оцени дека Австриската народна партија (ОВП) на Курц ја преминала границата кога јавно го обвинила судството за конструирани обвиненија против него и неговата партија.

– Задачата на судството е да ги испита сомнежите, без оглед на статусот на лицето, подвлече австрискиот претседател.

Тој рече дека е важно да се биде свесен за основата на владеењето на правото, а тоа е принципот на поделба на власта.

– Во моментов, се знае само дека се води истрага и дека е право на секој човек да го каже своето мислење, но да се поднесат општи обвинувања против судството е незаконско преминување на границите, оцени австрискиот престедател Александар ван дер Белен.

За ова и за другите актуелни теми во видеото од анализата на „Утрински брифинг“:

ВИДЕО: Ердоган можеби е премногу болен за да ја води Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот