ВИДЕО | Aндоновиќ: Историјата на империјалниот ривалитет меѓу Париз и Лондон се повторува, во регионот – борба за доминација меѓу Белград и Загреб

Џо Бајден и Емануел Макрон на Г7 Самитот во Корнвол/ Фото EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL
Париз се’ уште не може да се помири со фактот дека зад грб, сојузниците Лондон и Вашингтон, формираа стратешки сојуз со Австралија и Велика Британија, што доведе до тоа Австралија да го раскине огромниот договор за набавка на подморници од Франција.

Нарушувањето на односите на сојузниците е серизен удар врз понатамошната идна соработка, оценија францускуте полтичари. Освен на Бајден Французите се лути и на нивниот историски империјален ривал Велика Британија за која тврдат дека е главниот иницијатор за тргање на Франција од зоната на влијание во индо- пацифичкиот регион. Особено што во овој дел на светот во минатите векови и Франција и Британија водеа војни за доминација и трговско влијание.

Нарушувањето на односите на Париз со Лондон и Вашингтон го загрижи и генералниот секретар на НАТО Столтенберг кој апелираше до овие три членки на НАТО да останат обединети и покрај несогласувањата.

Столтенберг рече дека членките на НАТО не треба да дозволат спорот меѓу Франција и САД и Велика Британија да доведе до траен раскол.

За разлика од лидерите на Европската унија кои ја поддржаа Франција во спорот околу одлуката на Австралија да се откаже од договорот со Французите за купување подморници и да потпише трилатерален азиско-пацифички безбедносен договор, генералниот секретар на НАТО, не поддржа ниедна страна, и го истакна единството околу главните цели на Алијансата.

Во обид да се надминат несогласувањата, шефовите на француската и американската дипломатија можно е денеска да се сретнат на ГС на ОН во Њујорк, но засега не е планирана билатерална средба.

Жан-Ив Ле Дриан во понеделникот само кажа дека сигурно ќе наиде на американскиот државен секретар „во коридорите” на ОН.

Од друга страна, првично закажаниот состанокот за денеска меѓу Ентони Блинкен и Жан-Ив Ле Дријан и нивните британски и германски колеги Лиз Трас и Хајко Маас, е откажан.

Пред неколку дена, американскиот претседател Бајден побара телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, кој возврати дека наскоро ќе разговара со него, но без да го прецизира времето.

Ривалитет и борба за доминација се забележува и на регионално ниво.

Традиционалните и историски неосгласувања за тоа које посилен и побогат но и поуспешен, се возобновија на релација Загреб Белград. Тешки зборови и рпекувања додјоа од претседателите на дбете држави Милановиќ и Вучиќ кои разменија оценки и обвинувања на спортиставената адреса..
Се започна со изјавата на Вучиќ кој јавно се пофали дека Србија има поголем БДП по глава на жител од Хрватска и дека и покрај хрватското атрактивно крајбрежје, Србија економски ја претркала Хрватска. Загреб експресно возврати дека Вучиќ манипулира и дека нема да доживее да ја види Србија побогата од Хрватска.

Главната улога во овие надмудрувања ја презеде хрватскиот претседател Милановиќ кој изјави и дека Вучиќ е олицетворение на граѓанската војна и распадот на СФРЈ во деведесетите, на што Вучиќ возврати дека хрватскиот претседател е жалосна слика на хрватскиот народ кој сам си го избрал.

Конфронтираната реторика се префрли и на останите држави од поранешна СФРЈ, особено откако Милановиќ изјави дека тој е претседател и на Хрватите кои живеат во Босна, идентично како што тоа Вучиќ подолго го тврди дека е лидер на сите Срби кои живеат во регионот.

Ова случува во време кога тензиите во Црна Гора се се уште присутни, а на Косово состојбата се усложнува.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот