ВИДЕО | Андоновиќ: Германија се соочува со пост-„меркелизмот“, во пресрет на изборите поголемиот дел од гласачите се неопределени

Армин Лашет (лево), Аналена Баербок и Олав Шолц (десно), еден од нив ќе биде наследник на канцеларката Ангела Меркел / Колаж: СП. / Фото: ЕПА

Овој викенд граѓаните на Германија ќе гласаат на изборите за Бундестагот, со кои ќе се открие името на новиот канцелар, но за разлика од минатите години, овојпат канцеларката во заминување Ангела Меркел нема да биде меѓу кандидатите за оваа позиција.

Германски канцелари, Прв ред, од десно кон лево: Конрад Аденауер (фото од 1963) Лудвиг Ерхард (фото од 1972) Курт Георг Кисингер (фото од 1980) и Вили Бандт (фото од 1973) / Втор ред, од десно кон лево: Хелмут Шмидт (фото од  1976), Хелмут Кохл (фото од 1998) Герард Шродер (фото од 2005) и Ангела Меркел (фото од 26 септември 2021)

Меркел ќе се повлече од политичката сцена во моментот кога ќе бидат објавени резултатите од можеби најнеизвесните избори досега.

Според анкетата објавена во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, четири од 10 луѓе што планираат да гласаат в недела допрва треба да изберат партија.

Причина за ова според експертите е тоа што на овие избори нема актуелен кандидат. За разлика од минатото на изборите во трка се три наместо две партии.Тоа значи дека гласачите веќе се во неизвесност која и каква коалициска влада ќе ја добие Германија, причина за која гласачите остануваат се уште неодлучни, сметаат аналитичарите.

Проблемот е и во креативноста на канидатите. Главниот проблем е што ниту една страна не нуди креативни или нови решенија за старите проблеми. Меркел остави многу клучни прашања недопрени за време на нејзиниот мандат, како што се квалитетот на животот, пристапноста до социјална заштита или социјалната мобилност. Таа, исто така, воведе дополнителни тензии поради статусот на бегалец.криза од 2015 година. Сепак, се чини дека ниту една страна не нуди изводливи и нови идеи “, вели Хојер. „Покрај тоа, самите кандидати не се особено инспиративни, што значи дека многу гласачи се неодлучни затоа што не сакаат да подржат ниту еден од нив, се вели во анализите на германските експерти.

Новинари ја следат предизборната дебата, која се пренесуваше во живо, помеѓу Армин Лашет (десно), Аналена Баербок и Олав Шолц /19 септември 2021 / Германија / EPA-EFE/FILIP SINGER EPA-EFE/FILIP SINGER

Трката за наследник на Меркел е близу, а конечниот победник можеби нема да се знае со денови, па дури и недели по затворањето на гласачките места. Германците за првпат ќе одлучат како ќе изгледа нивната земја по раководството на канцеларката која ги помина изминатите 16 години на чело на земјата.

Наследник на Ангела Меркел на чело на ЦДУ е 60-годишниот Армин Лашет, долгогодишен соработник и заменик-претседател на партијата од 2012 година.. Иако ја доби поддршката на Меркел, анкетите покажуваат дека нејзиното заминување од раководството на партијата ќе одигра големо влијание врз одлуката на германските гласачи.

Германската канцеларка Ангела Меркел и кандидатот за нејзин наследник од ЦДУ Армин Лашет/ Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Главниот противник на Лашет е Олаф Шолц од СПД, кој изненади со добра позиција на анкетите во последните недели. Тој беше долгогодишен соработник на Меркел како министер за финансии и вицеканцелар, што автоматски го става во подобра позиција да гласа отколку самиот кандидат на ЦДУ.

Олаф Шолц/ Фото EPA-EFE/Theo Klein / POOL

Претседателката на Зелената партија, Аналена Баербок, исто така изненади со излегувањето на почетокот на кампањата, што ги натера гласачите да се запрашаат дали таа може да биде првата „зелена“ канцеларка во земјата.

Aналена Баербок / EPA-EFE/Sean Gallup / POOLEPA-EFE/Sean Gallup / POOL

Крајно десничарската партија АфД го дели четвртото место со либералната демократска партија на слободата, а бегалската криза им донесе скок во политичката сцена, сметајќи на гласовите на граѓаните кои изразија незадоволство од имигрантската политика на земјата.

Сепак, анкетите покажуваат дека голем број гласачи остануваат неодлучни за кого ќе гласаат во недела, што го прави изборниот исход неизвесен.

Проследете го целиот разговор во видеото:

„Испи четири-пет ракии со нас“: Приказни од градчето од каде потекнува Меркел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот