
ВИДЕО | Андоновиќ: Геостратешките поместувања, причина за формирање на воени сојузи во регионот?
Наскоро се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија. Премиерот Виктор Орбан и претседателот Александар Вучиќ веќе влегоа во сериозно спроведување на воениот сојуз меѓу двете земји.
Препорачано
Оваа најава претставува одговор на Србија на договорот што во Тирана го потпишаа Хрватска, Албанија и Косово, а бидејќи Хрватска и Албанија се членки на НАТО,
Унгарија како членка на Алијансата може да потпише сличен договор со земја која не е во Северноатлантската алијанса, а тоа според најавите е Србија.
Министерствата за одбрана на Албанија, Косово и Хрватска во вторникот во Тирана потпишаа трилатерален одбранбен меморандум, кој, како што рекоа, е порака до сите кои се осмелуваат да ги загрозат безбедноста, мирот и стабилноста на Западен Балкан, или подобро кажано, порака до сите дека овие три земји, кои споделуваат заеднички вредности и интереси, се обединети да се спротивстават на секоја опасност насочена кон дестабилизација на регионот.
Составувањето на одбранбениот сојуз на Косово и Хрватска, Белград го протолкува како директна закана за Србија, која според тамошните власти е сигнал дека земјата треба да продолжи со зајакнување на безбедносните и одбранбените капацитети.
Самиот претседател на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека потпишувањето на меморандумот меѓу Албанија, Косово и Хрватска за соработка во областа на одбраната претставува кршење на субрегионалниот договор и додаде дека е речиси сигурен дека НАТО не бил ниту информиран за тоа.
„Ова е прекршување на таканаречениот субрегионален договор за контрола на вооружувањето од 1996 година, но од реакциите од Хрватска и некои други делови од регионот видовме дека тие не се многу заинтересирани за тоа. Речиси сум убеден дека НАТО не бил ниту информиран и дека не им било ни кажано кои договори се прекршени“, изјавил Вучиќ.
Хрватскиот премиер Пленковиќ експресно му одговори на Вучиќ, велејќи дека за потпишувањето на воениот договор меѓу Загреб, Тирана и Приштина, на трите земји не им требала дозвола ниту од Србија, ниту од НАТО за договорот.
Хрватска, Албанија и Косово во вторникот потпишаа декларација за зајакнување на одбранбената соработка. Декларацијата, на која можат да се приклучат и други земји, ја нагласува важноста на заедничките одговори на безбедносните предизвици, хибридните закани и другите ризици кои можат да ја загрозат регионалната стабилност, се вели во соопштението на Министерството за одбрана од вторникот.
Српскиот претседател, кој често се фали со новото оружје на неговата земја и тврди дека ја има најсилната армија во регионот, во средата во Брисел ги критикуваше трите земји, тврдејќи дека нивниот договор отворил трка во вооружување во регионот.
Особено во време кога се зголемуваат тензиите во Босна и Херцеговина во однос на настојувањата на Република Српска да формира своја армија, геостратешките поместувања како резултат на војната меѓу Украина и Русија, како и новите релации меѓу Европа и САД. Сите овие процеси ги зголемуваат, и онака големите тензии во регионот.