ВИДЕО | Андоновиќ: Eвропскиот „непристоен предлог“ за Косово, Вучиќ ќе го стави на референдум?

Анализа со Дејан Андоновиќ / 24 јануари 2023 / Графика: Слободен печат

Српскиот државен врв и пред сѐ претседателот Александар Вучиќ се наоѓаат во тешка политичка позиција откако вчера и официјално беше обелоденет предлог текстот познат како „француско-германски“ предлог за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Ви синоќешното обраќање во јавноста, а откако претходно беше и обелоденета содржината на овој предлог, Вучиќ излезе со неколку поенти.

Во негов стил, и со манифестирање на бруталната реалност, Вучиќ посочи дека овој предлог е земи или остави. Тоа значи дека доколку Србија не го прифати, под знак на прашање ќе бидат нејзините евроинтеграции и инвестиции, кои според неговите зборови се на завидно ниво.

Она што можеби е и најголемото разочарување на Србија е секако поддршката на овој предлог од сите држави на ЕУ вклучувајќи ги и петте членки на Унијата кои не го признаа Косово. Затоа и оценката дека таканаречениот француско- гермнаски предлог е многу повеќе од обичен предлог.

Вучиќ упати критики и за недоследноста околу тајмингот на формирањето на Заедницата на српски општини, односно, дека се бара првин Белград да се откаже од меѓународната блокада на пристапот на Косово во меѓународните институции и откако ќе ги нормализира односите, тогаш ќе отпочне и процесот на формирањето на ЗСО.

Особен проблем преставува и актуелната тензија на Косово како и вчерашното застрелување на еден косвски србин кој бил застрелан од припадниците на косовската полиција. Вучиќ го обвини Курти дека сака да ја вовлече Србија во конфликт за НАТО да биде на негова страна и да избегне формирање на ЗСО.

Иако потенцираше дека ова му е последен мандат, српскиот претседател најави дека преку политичка тактика ќе се бори да ги пролонгира одредбите на овој европски ултиматум. Нарекувајќи се самиот дека е „војник на државата”, Вучиќ повтори дека нема проблем со давање на оставка , но дека засега според него не е време за тоа.

Како би можел Вучиќ политички да се извлече од оваа позиција?

Ако ја одбие, јасно е дека Србија ќе влета во нови меѓународни санкции. И тоа баш сега кога има голем економски напредок, како што вели самиот Вучиќ. Позицијата која Белград го става да седи на две столчиња изгледа како да не е повеќе одржлива.

Иако Србија е последната земја во Европа која не воведува санкции на Русија, се чини дека Москва се помалку благонаклоно гледа кон политиката на Белград.

И самиот Вучиќ во вчерашното обраќање меѓу редови кажа дека ЕУ е најголемиот инвеститор во Србија и најголемиот донатор.

– Со Европската Унија ќе добиеме грант од 600 милиони за пругата Белград-Ниш, која за два часа ќе не` носи од Белград до Ниш, рече Вучиќ.

Оттаму и се поизвесниот курс на Белград, но за тој да биде непречен, ќе мора Србија да го прифати ултиматумот. од друга страна настаните на косово и провејувањето на руските знамиња на тамошните српски барикади, како и гласините дека Вагнер е присутен во регионот, само укажува дека Белград конечно ќе мора да ја избере страната.

Едно од можеби најбезболните политички решенија за владеачката гарнитура предводена од Вучиќ би била секако референдумско изјаснување, за кое судејќи според односот на силите во српскиот парламент е можно остварливо решение. Така одлуката и одговрноста за избирање на иднината по која ќе се движи Србија ќе се префли на народот, а Вучиќ и онака веќе на големо најавува своја политчка пензија. Барем од досегашната престедателска функција.

Погледнете ја целата анализа:

Видео на денот