ВИДЕО | Aндоновиќ: Ердоган во дипломатска пресметка со Западот

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Вашингтон очекува Анкара да ги разјасни наредбите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дадени до турското Министерство за надворешни работи за прогласување персона нон грата на амбасадори на 10 држави меѓу кои и протерување на американскиот амбасадор во Анкара.

На американскиот Стејт департмент претходно му се приклучи и претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли и ги оквалификува акциите на Турција како авторитарна тенденција.

Ердоган прогласи за персона нон грата амбасадори на 10 западни држави. Мерката што ја најави Ердоган е затоа што дипломатите изразиле поддршка и побараа ослободување на турскиот активист Осман Кавала.

Кавала, соработник на бројни граѓански групи, е во затвор четири години, обвинет за финансирање протести низ целата земја.

Осман Кавала првично беше уапсен во врска со протестите за паркот Гези во 2013 година, но подоцна обвиненијата против него беа проширени за шпионажа и обид за соборување на владата за време на неуспешниот државен удар во 2016 година.

Тој се наоѓа во затвор без пресуда, иако неговото ослободување беше донесено со одлука на Европскиот суд за човекови права во декември 2019 година.Тој остана во притвор додека трае неговото последно судење и ги негира обвиненијата.

Во заедничката изјава на 18 октомври, амбасадорите на Канада, Данска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска, Финска, Нов Зеланд и САД повикаа на праведно и брзо решавање на случајот на Кавала и за негово „итно ослободување“. Тој се наоѓа во затвор без пресуда, иако неговото ослободување беше со одлука на Европскиот суд за човекови права во декември 2019 година. Тие беа повикани од Министерството за надворешни работи, од каде изјавата на десетте амбасадори ја оквалификуваа како неодговорна.

Потегот на Ердоган доаѓа во исто време кога Русија се повлече од заедничкото надзорно тело за соработка со НАТО, откако алијансата протера 8 члена на рускиот тим под образложение дека се руски шпиуни. Потегот на Ердоган се толкува дека Анкара и Москва имаат блиски односи во заедничкото делување против одредени интереси на САД. Турција иако членка на НАТО, сепак има одрдени забелешки кон полтиката која ја водат САД и ЕУ.

Подолго време Анкара бара безвизен режим за турските граѓани во земјите на ЕУ. Тензиите на релација Анкара-Вашингтон-Брисел дополнително ескалираа откако Турција и покрај противењето на своите НАТО сојузници започна со набавка на руско оружје пред се против ракетните системи С- 500. Поради оваа набавка САД запреа со испораката на борбените авиони ф-35, за кои Анкара обвини дека се платени, но дека Вашингтон не сака да им ги испорача.

Видео на денот