ВИДЕО | Андоновиќ: Eкспанзија на екстремната десница во Eвропа?

Марш во Полска
Марш во Полска на Денот на независнотста/ Фото EPA-EFE/WOJCIECH OLKUSNIK

Aвстриската полиција при претрес на куќа во градот Баден пронашла арсенал оружје, 1.200 килограми муниција, нацистички сувенири и огромна количество на барут. Запленети се околу 50 парчиња оружје, вклучително и автоматски пушки и останат вид оружје , а полицијата соопшти дека куќата му припаѓала на 53-годишен маж кој бил „осомничен за нацистички активности“.

Коментирајќи ја полициската акција, австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави :
„Одлучната акција против десничарскиот екстремизам не е само дел од нашата историска одговорност, туку и јасна посветеност на нашиот демократски соживот во Австрија“.

Во написот во кој се обработува темата за десничарскиот екстремизам во Европа, американскиот Си-Ен-Ен истакнува дека ова не е прва акција против неонацистите во Австрија оваа година. Во јули, полицијата запленила автоматско оружје и рачни гранати во координирана потрага на членови на банда моторџии чиј водач планирал да формира таканаречена „милиција од достоинственици“ за да го, како што велат „преврти системот“.

Поддршката на нацизмот е кривично дело

Поддршката на нацизмот е кривично дело во Австрија. Најпознатиот австриски неонацист е Готфрид Кусел, кој во 2013 година беше осуден на девет години затвор поради пропагирање на нацизам на Интернет.

Бернхард Вајдингер, кој ја проучува екстремната десница во Архивата на австриските документи на отпорот во Виена, изјави за Си-Ен-Ен дека благодарение на криминализацијата на нацистичката идеологија, таа не е ниту особено силна, ниту организирана во таа земја. Сепак, тој посочува дека се почести се откривањата на големо количество оружје.

Неонацистичката активност често се поврзува со моторџиски банди, организиран криминал и фудбалски навивачи. Во Австрија, група наречена „Бесмртни“ го следи клубот Рапид Виена и повремено го истакнува знамето на Третиот Рајх на натпреварите. Во Италија, групите навивачи познати како Ултрас прифаќаат фашистички слогани и симболика. Властите велат дека австриските неонацистички активисти често се поврзуваат со слични групи во Германија бидејќи се сметаат себеси за дел од поголемиот германски Рајх.

Во јануари оваа година, австрискиот рапер г-дин Бонд беше уапсен и обвинет за „производство и емитување нацистички идеи и поттикнување омраза“. Една од неговите песни беше искористена од човек кој емитуваше во живо напад на синагога во Германија во 2019 година.

Нападот се случи една година откако секој трет Австриец во анкета нарачана од CNN изјавил дека Евреите во нивната земја биле изложени на расистичко насилство. Речиси половина од испитаниците изјавија дека антисемитизмот е се поголем проблем. Истото истражување покажало дека 12 отсто од луѓето на возраст од 18 до 34 години никогаш не слушнале за Холокаустот.

Разлика помеѓу традиционалните неонацисти и новите идентитетски групи

Добрите познавачи на приликите прават разлика помеѓу традиционалните неонацисти – чии активности се засноваат на насилство и криминал – и новите идентитетски групи, кои се од политичка природа. Покрај ИБО и Селнер во Австрија, Си-Ен-Ен укажува и на движењето Генерација на идентитет во Франција и Новата десница во Германија.

Си-Ен-Ен го наведува како пример собирот во Берлин од 40.000 луѓе, кои протестираа против затворањето поради пандмеијата од ковид но и против таканаречената и „длабока држава“, каде што беше забележлив бројот на екстремните десничари, како и поддршката која тие ја даваа за поранешниот американски престедател Доналд.
Овие екстремистички десничари најавуваат мобилизација на „голема патриотска маса“ со цел да се бори против „големата стратегија“ на глобалните елити.

И во Германија и во Австрија, поекстремните фракции зборуваат за „Ден Х“ – апокалиптична фантазија која предвидува демократските институции да пропаднат во бран на насилство и од тоа да се издигне неонацистичката држава
Си-Ен-Ен истакнува дека има идеолошки преклопувања меѓу нацистичките идентитетски групи и европските десничарски партии, како Партијата на слободата во Австрија, Националното собрание во Франција и Северната лига на Матео Салвини во Италија.

Десничарите сметаат дека во време кога Европа се соочува со сериозна демографска криза на стареењето и ниска стапка на наталитет , треба да се направат подбри семејни политики наместо да се дозволува масовен прилив на мигранти од третиот свет.

Десничарите предупредуваат дека досегашната политика во Европа доведува до одлична замена“ во која белите Европејци ќе бидат сериозно погодени од бранот мигранти .

Европската екстремна десница е фрагментирана средина во која политичкиот активизам и повиците за насилство се преклопуваат, а групите растат и растат брзо. Повеќето од активностите се одвиваат онлајн или во криминалното подземје ,
Сепак овие процеси беа забрзани по целосниот локдаун како резултат на пандемијата, задолжителните вакциништо им дадоа нов поттик и нови прврзаници во Европа и Америка, сметаат ексепртите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот