ВИДЕО| Андоновиќ: Долгоочекувана средба меѓу Бајден и Си- надминување на разликите или обид да се одложи меѓусебниот судир?

Анализа со Дејан Андоновиќ / Фото: Слободен печат, EPA/LINTAO ZHANG / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг се среќаваат во Калифорнија, а американските власти велат дека не очекуваат да биде постигнат голем напредок за време на разговорите што драматично ќе ги подобри односите меѓу двете земји.

Трговските односи во последно време се прилично затегнати, а од нивната последна средба, во ноември 2022 година, на Бали, ништо значајно не се случило за односите да се подобрат. Иако тогаш двете земји се обврзаа дека ќе соработуваат засега во пракса ништо од тоа не се реализраше.

Според Вашингтон една од главните цели на самитот е да се осигура дека двете страни ќе продолжат да разговараат за да се намалат шансите тензиите да излезат од контрола.

– Не зборуваме за долг список на исходи или конкретни резултати. Целите се да се грижи за конкуренцијата, да се спречи ризикот од конфликт и да се осигура дека каналите за комуникација се отворени – изјави висок функционер на администрацијата на Бајден во пресрет на средбата меѓу Бајден и Кси.

Во последниве месеци, противењето на дијалогот во Кина почна да омекнува. Американските и кинеските официјални лица одржаа прелиминарни разговори за низа прашања, вклучително и контролата на оружјето, макроекономијата и климатските промени.

– Многупати сум рекол, вклучително и на некои претседатели, дека имаме 1.000 причини да ги подобриме кинеско-американските односи, а ниту една да ги уништи – изјавил Си за време на неодамнешната средба со група американски сенатори во Пекинг.

Аналитичарите проценуваат дека промената во реториката на Кси може да се припише на внатрешни фактори, како што се забавениот економски раст по пандемијата и проблемите во привлекувањето странски инвестиции поради трговските ограничувања на САД.

Со продолжувањето на комуникација со Вашингтон, Кси можеби се обидува да покаже и дека сè уште ги контролира најважните билатерални односи, велат аналитичарите.

Пекинг се соочува неповолни надворешни услови како резултат на меѓународната осуда на руската инвазија на Украина, што резултираше со „наратив на демократии против авторитарни земји“.

– Ова им овозможи на Вашингтон и неговите сојузници и партнери донекаде да формираат антикинеска коалиција – нагласува Ксиао, наведувајќи го како пример проширениот сојуз на САД со Јужна Кореја, Јапонија и Филипините, се наведува во светските анализи.

Свој интерес во оваа средба гледа и Вашингтон. Имено војната во Украина и судирите меѓу Израел и Хамас ,кои патем се случуваат во екот на обидот на актуелниот престедател Бајден да добие втор престедателски мандат,се главните причини зошто САД треба барем засега да го избегне конфликтот со Кина.

Она што со сигурност ќе се бара од Кина на денешната средба е враќање на воената комунакција меѓу двете држави кои беа прекинати со зголемувањето на тензиите околу Тајван, како и запоседнувањето на бројни острови полни со гас во Јужното Кинеско море.

Повеќе од сигурно е и дека Бајден ке сака преку дијалогот со Си, на некој начин ја стави под контрола најавената милитаристичка политика на комунистичка Северна кореја, врз која Пекин сеуште има влијание. Се разбира влијание има и Русија, па оттаму и стравувањата на Вашингтон дека може повеќе децениската Криза на корејскиот полуостров да изелзе од контрола.

Токму сега, кога веќе има два големи светски конфликти каде САД имаат активна улога со поддршка на страните.

Со војната во Украина, и игнорирањето на Русија од страна на западот, како и тешките зборови кои Бајден ги упати на сметка на рускиот претседател Путин, на Бајден му остана опцијата состанок со втората светска сила да биде токму Кина.

Оттаму и се погласно во Вашингтон се смета дека САД се единствена светска супер сила, додека втората е Кина. Според тие кфалификации, Русија како што тие велат, веќе меѓу најсупериорните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот