ВИДЕО | Андоновиќ: Доколку Финска и Шведска влезат во алијансата, Балтичкото Море ќе стане обично езеро на НАТО

шведска нато балтичко море
Шведски бoрбен авион Jas 36 Gripen Е лета над островот Готланд во Балтичкото море / Шведска, 11 мај 2022 / EPA-EFE/HENRIK MONTGOMERY SWEDEN OUT

Финска и Шведска и официјално се изјаснија дека сакаат да ја заменат досегашната своја неутралност со полнорпавно членство во НАТО. Оваа нивна аспирација се базира врз стравувањата дека доколку останат неутрални, би можеле да се соочат со голема безбедносна опасност од страна на нивниот сосед Русија, која преку примерот на Украина покажа буквално што се може да и се случи на една држава која не е во моќниот НАТО сојуз.

И Стокхолм и Хелсинки официјално донесоа одлука дека на наредниот самит на НАТО во јуни годинава ќе побараат членство во алијансата. Нема сомнеж дека овие две нордиски држави веднаш ќе бидат примени, бидејќи Брисел но и останатите западни сојузни со голема благонаклоност гледаат на оваа нивна одлука. Шведска и Финска буквално ги исполнуваат сите критериуми за влез- Имаат моќни и добро обучени армии по западни стандарди, но и геостратешки се важни за сето она што се нарекува нов светски поредок.

Личност во финскиот парламент држи извештај за финското приклучување кон НАТО алијансата / Хелсински, Финска / EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Откако овие две држави ќе влезат во алијансата, ќе се смени целосно геостратешката карта во делот околу Балтикот. Трите поранешни советски држави, сега членки во НАТО, Литванија, Летонија и Естонија од една страна, и Финскиот залив со сите пропратни острови од друга, практично ќе значи обиколување на руските позиции во и околу Балтикот. Пркатично руската воена морнарица ќе се соочи со намален маневарски простор на делување, бидејќи во овој случај, ќе биде заобиколена од НАТО територија.

Се загрозува и геостратешката руска енклава Калининград, која досега и даваше голема тактичка предност на руската геостратегија на Балтикот и Европа. Оттаму и оценката дека во овој случај Балтичкото Море ќе стане обично НАТО езеро, алудирајќи дека црноморските воени постројќи на Москва ќе немаат простор да оперираат.
Но, се разбира доколку овие две нордиски држави влезат во НАТО. Очекувано или не, политчката поддршка од НАТО земјите не е комплетна, односно се работи за противење на Турција која најави дека ќе стави вето за прием на Шведска и Финска во Алијансата.

Причините според Анкара се поддршката која овие две држави, пред се Шведска им ја даваат на протераните членови на Курдксата Работничка Партија, која Турција ја смета за теорористочка организација. Имено курдите кои се борат за отцепување на еден дел од Турција и формирање на незваисен Курдистан, повеќе време Шведска ја имаа за свое засолниште. Во минатото на многупати, Анкара бараше до Стокхолм но и Хелсинки да ги уапсат и испорачаат овие лица, на кои дури им беше дозволено и политички да делуваат во овие две нордијски држави.
Сега, Шведска и Финска се уценети дека ќе бидат блокирани за нивните НАТО амбиции. Влогот е голем и во нареднит период ќе се види дали САД ќе се обидат да го притиснат Ердоган да ја смени својата најава. Ќе се види и дали можеби сето ова е политички пазар кој Турција треба да го добие? Или можеби, повторно, од кој знае кои интереси, почнува да функционира старата оска Ердоган Путин, која во минатото се сплоти околу Сирија…

Проследете ја цела анализа во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот