ВИДЕO | Андоновиќ: Дипломатските тензии се заоструваат – Кина ја прекина комуникацијата со Пентагон

Анализа со Дејан Андоновиќ/ Фото Слободен печат

Кина го одби американското барање за телефонски разговор меѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Веи Фенг, изјави денеска портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер.

Пентагон достави барање до Кина за телефонски разговор, веднаш откако собори кинески балон осомничен за шпионирање на брегот на Јужна Каролина.

„За жал, Кина го одби нашето барање. Нашата посветеност на отворените линии на комуникација ќе продолжи“, изјавил портпаролот на Пентагон.

Во саботата, САД соборија наводен кинески шпионски балон кој леташе над американската територија неколку дена.

– САД одржаа средби со странски дипломати од 40 земји во Вашингтон и Пекинг и ги информираа за нивните наоди поврзани со кинескиот шпионски балон.

Американскиот заменик државен секретар Венди Шерман информирала околу 150 странски дипломати во 40 амбасади, соопшти висок извор во американската администрација. Од истата причина, странски дипломати се собраа во американската амбасада во Пекинг.

Во саботата, САД соборија наводен кинески шпионски балон кој леташе над американската територија неколку дена. Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во петокот изјави дека балонот бил цивилен и дека се користел за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано отстапил од предвидениот курс.

Пекинг го осуди соборувањето на балонот, кое беше нарачано од претседателот Џозеф Бајден, велејќи дека Кина „јасно побара од САД да го решат на мирен, професионален и воздржан начин, а САД инсистираа на употреба на сила“.

Слични балони изминатите денови беа забележани и во воздушниот простор на Колумбија и Костарика од каде соопштија дека Пекинг признал дека еден од кинеските балони прелетал над Костарика, а кинеската амбасада во Сан Хозе се извинила за инцидентот.

Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Костарика на 5 февруари објави дека локалните власти добиле информации за балон кој прелетал над земјата на 2 февруари.

Наводната шпиoнска афера освен дипломатски, предизвика и внатреполитички препукувања во Вашингтон.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп зборувајќи за наводите дека кинески балони за кои постои сомневање дека се шпионски кратко изјави: „Не летаа во мое време“

Официјални лица од администрацијата на Бајден нагласија дека се подготвени да ги информираат поранешните функционери на Трамп за новите податоци кои укажуваат дека Кина испратила шпионски балони во американскиот воздушен простор за време на мандатот на Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот