ВИДЕО | Андоновиќ: Дефокус на Русија од Украина – Казахстан би можел да му забие нож во грб на Путин?

Казахстан - Русија знаме/ Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Како поминува времето и војната во Украина се засилува, така во светската јавност започнаа шпекулациите за тоа како и на кој начин Русија планира да се извлече од авантурата наречена Украина. Москва се соочи со жесток отпор на Укрaинците и пред сѐ одлучноста на НАТО земјите-сојузнички, да ја поддржат и помогнат да се одбрани од руската воена окупација. Ова предизвика проблеми, пред се во човечките , но и ресурсите на воениот арсенал, и природно се наметна потребата Русија да се обиде да направи сојузништво со останати држави и така ги поплни своите потреби во жива сила и пред воени средства.

Но, првиот ладен туш Москва го доби токму од воениот сојуз ОДКБ, во кој членуваат неколку поранешни советски републики. На неодамнешниот состанок на оваа организација во Ереван, домаќинот на конференцијата, ермнсиот премиер ја критикувашше политиката и улогата на Москва во ерменско-азербејџанскиот конфликт и воздржаноста на Русија да се вмеша, по што уследи целосно губење на спорната област Нагорно Карабах од границите на Ерменија.

Кремљ заговара радикално сценарио за ликвидација на Лукашенко и преземање контрола над белоруската армија?

За возврат оваа поранешна советска република не ја поддржа политиката на Русија и пред се нејзината воена интервецнија во Украина. Но, се чини дека уште похолем проблем создаде Казахстан, исто поранешна советска република и членка на ОДКБ, која патем во пресрет на нападот во Украина, имаше воена интервенција токму од ОДКБ. Руско-казахстанските односи се официјално коректни, но во реалноста Москва ги стега, а Казахстан се обидува да се ослободи од прегратките што го задушуваат. Најпознатиот руски пропагандист Владимир Соловјов неодамна предупреди „да се обрне внимание дека следниот проблем „Казахстан, бидејќи нацистичките процеси можат да започнат таму, како во Украина“.

Инаку, тој истакна дека „таму има многу Руси“, поради што заменик-министерот за надворешни работи на Казахстан, Роман Василенко возврати дека „таквите изјави заслужуваат соодветна реакција од руските власти“.

Русија одамна го поседува северот на Казахстан, а оваа година проблемите ескалираа бидејќи казахстанските власти не ја поддржуваат руската агресија врз Украина, а попатно се обидуваат да профитираат од западните санкции против Москва. Русите, пак, одвреме-навреме ги предупредуваат дека може да ја доживеат судбината на Украина, иако тоа сега не изгледа реално.

Казахстан е деветта по големина земја во светот и најголемата земја без излез на море и е богата со нафта (повеќе од три отсто од светските резерви) и ураниум (41 отсто од светското производство). Но и со проблеми, поради корупција и неправедна распределба на националното богатство.

Во 2014 година, Казахстан воведе нов член во закононот за „сепаратистички активности“ во својот Кривичен законик, кој предвидува затворски казни до 15 години, па дури и екстремно ретка казна за лишување од државјанство, за секој што е прогласен за виновен за сепаратизам или за поткопување на територијалниот интегритет на земјата. Потегот што следуваше откако Русија незаконски го анектираше Крим од Украина и го охрабри сепаратизмот во Донбас кон средината на годината на економскиот форум во Санкт Петербург, во разговор со Путин, Токаев ја отфрли можноста и го осуди признавањето на парадржавниот Луганск и Доњецк и недвосмислено одби да биде „полигон за руско заобиколување на западните санкции“, бидејќи и самиот стравува дека во тој случај може да биде нападнат од Западот.

Казахстан се потпира на руските нафтоводи за извоз на нафта во Европа, а во јули, кога казахстанскиот престедател Токаев и вети на ЕУ зголемување на обемот на казахстанските енергетски производи за Европа, веќе следниот ден, Русите објавија тримесечно затворање на нафтениот терминал во Новоросијск поради „еколошки дефекти“ и со тоа практично блокираа дури две третини од извозот на нафта на Казахстан. Тогаш некои познати режимски јастреби повторно почнаа да зборуваат за „дискриминација на 3,5 милиони членови на руската заедница во Казахстан“, па дури и за „историски Русија“ кој го опфаќа северниот дел на таа огромна земја.

На 5 јануари, во пресрет на рускиот напад врз Украина Токаев ја распушти владата и прогласи вонредна состојба на национално ниво, откако илјадници демонстранти се судрија со полицијата и упаднаа во владините згради, отстранувајќи го неговиот претходник, 81-годишниот Нурсултан Назарбаев, на чело на Советот за безбедност на патот. Со цел да се „смири“ ситуацијата, во Казахстан започнаа операциите на трупите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКС), воен сојуз на неколку поранешни советски држави. Државната новинска агенција РИА Новости на 6 јануари објави дека воздушните мировни единици влегле во Казахстан каде сеуште се наоѓаат.

Во Kазaхстан повтрно од вчера има немири na улиците .Многумина сметаат дека од тие немири би можело да произлезе нов конфликт во кој Русија би морала воено да интервенира. Ако се земе во предвид фактот дека ниедна од државите членки на рускиот воен сојуз , вклучувајќи го и Казхстан, нема да пратат помош, се поочигледно е дека можеби на Русија ќе и се отвори нов фронт во Казасхтан, во време кога и во сега активниот украински фронт мака мачат со човечки и воени ресурси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот