ВИДЕО | Андоновиќ: Битка за регистарски таблички на Косово

Српско-косовска граница/Фото: Социјални мрежи

Нова криза на Косово, како што тврди Белград, загрозени се правата на Србите, прекршени се сите договори за слобода на движење. Приштина пак со контра обвинување- Белград лаже бидејќи штотуку започнува имплементацијата на договорот што Србија го потпишала во 2016 година.

Од вчера наутро возилата со српски регистрации не можат да влезат и да се движат низ косовска територија доколку не ги преземат тест -табличките на Косово, кои се наплатуваат по пет евра и важат 60 дена. Од вчера наутро на граничните премини на косовско српската граница Јариње и Брњак се распоредени и специјалните косовски полициски сили кои синоќа на неколкупати реагираа на протестите на тамошните Срби кои негодуваат за одлуката на Приштина за менување на регистерските таблички Српската листа, политичка партија која е преставник на на Србите од северот на Косово го повика претседателот на Србија Вучиќ да реагира.

Вучиќ експресно им излезе во пресрет на барањата на Србите на Косово и синоќа одржа вонредна прес конференција на која освен осудите и најавите дека ќе го преиспита понатамошното преговарање со Приштина, за денес најави одржување на вонредна седница на националната безбедност. Во меѓувреме, ситуацијата на Косово е напната но мирна. Проблемот со регистерските таблици, практично преставува мерка на на реципроцитет на косовската влада.

Имено на Косово постојат три вида регистерски таблички. Првите се издадени од МВР на Србија до 1999 та година односно од претходната држава до интервенцијата на НАТО. Вториот вид на регистерски таблички се оние означени со „КС“, статусно неутрални кои Србија ги признава бидејќи со нив не се утврдува потеклото на државата од каде се издадени. За Белград спорни се новите регистерски таблички промовирани од владата на Албин Курти кои носат ознаки РКС, со кои Приштина ги менува досегашните статусно-неутралните таблички, и кои Србија не ги признава. Со овие регистерски таблички српските власти не дозволуваат да влегуваат возила во Србија, па сега Косово започна со мерките на реципроцитет.

Како што Србија не го признава РКС, така и Косово не ги признава српските ознаки. Со табличките кои ја носат ознаката РКС, без разлика дали е Србин или Албанец на територијата на Србија, на своето возило мора да стави пробни таблички. Така, во иднина табличките издадени од Србија нема да можат да влегуваат на територијата на Косово. Оваа одлука најмногу ги погаѓа Србите кои живеат на Косово, кои имаат неутрални регистерски таблички или регистерски таблички издадени пред 1999 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот