ВИДЕО | Андоновиќ: Битка за целосна политичка и воена контрола на Балтикот?

Американски маринци на вежби на НАТО ЕПА, Васил Донев

Денеска започнуваат воените вежби на НАТО со кодно име „Еже“, најголеми во историјата на Балтикот.

Вежбите ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели и во нив ќе учествуваат 15.000 војници од десет различни земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Финска и Шведска.

Иако беа планирани долго пред Русија да ја започне инвазијата на Украина, вежбите се одржуваат во време на значително зголемени тензии меѓу НАТО и Москва.

Во контекст на руската инвазија, вежбите се многу симболични за балтичките држави, бидејќи нивната намера е да ја тестираат нивната способност да одговорат на евентуален руски напад.

Најавите на неутралните Финска и Шведска дека ќе побараат членство во НАТО, дополнително ги зголемија тензиите во и околу Русија.

НАТО војска/ Фото EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Имено, балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија како земји членки на НАТО и поранешни советски републики кои се жестоки противници на политиката на Русија, подолго време беа границата и регион каде беа зголемени притисоците, бидејќи се наоѓаа на линијата меѓу Алијансата и Русија. Со влегувањето на Финска и Шведска, се чини дека овие три мали членки на НАТО, но и Балтикот воопшто, ќе биде засилен геостратешки во корист на Алијансата, што никако не и одговара на Русија. Практично оваа ситуација ќе ја стави во полза на НАТО кој сега ќе има поголема контрола врз Балтикот.

НАТО војска EPA/FEHIM DEMIR

Она што не и одговара на НАТО Алијансата, останува енклавата Калининград, град и пристаниште под руска контрола, каде Русија има стационирано силни воено поморски сили. Овој град освоен за време борбите со нацистичка Германија во 1945 година беше освоен од тогашната советска црвена армија, и од тогаш важи за главно упориште и зона на влијание на Москва, чие присуство значително го нарушува мирот на НАТО и ЕУ.

Останува да се види каков ќе биде исходот од руската специјална операција во Украина. Доколку Русија се соочи со воен пораз, НАТО и САД би можеле да се обидат да ги потиснат Русите и нивната зона на влијание од Калининград и така да го стават под целосна безбедносна контрола Балтикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот