
ВИДЕО | Андоновиќ: Белград се надева дека би можел да биде местото на историската средба меѓу Трамп и Путин
Во тек се подготовките за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, најави советникот на Трамп за национална безбедност, Мајк Волц.
Препорачано
– Подготовките се веќе во тек – рече тој, без да го прецизира можниот датум и формат на средбата.
Трамп претходно неколку пати изјави дека е подготвен за разговори со Путин, вклучително и дискусија за решавање на конфликтот во Украина.
Идниот претседател на САД на 10 јануари изјави дека Путин изразил желба да се сретне со него и дека подготовките се во тек. Кремљ ден претходно, на 9 јануари, објави дека не добил никакви барања од Трамп во врска со разговорот со Путин.
Според портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ќе биде можно да се започне со организирање на вакви контакти откако американскиот претседател официјално ќе ја преземе функцијата. Истовремено, Москва ја поздравува желбата на Трамп да води дијалог и забележува дека не се потребни никакви предуслови за преговори меѓу претседателите, потребна е само взаемна желба и политичка волја.
На 19 декември Путин за време на директен пренос рече дека е подготвен да се сретне со Трамп.
– Не знам кога ќе се сретнеме. Воопшто не сум разговарал со него повеќе од четири години. Подготвен сум за ова и ќе бидам подготвен за средбата – рече тој.
За местото и времето на можни преговори сè уште не се разговарало. Швајцарија изрази подготвеност да биде домаќин на самитот на највисоко ниво. Таму, во Женева, последните преговори меѓу рускиот и американскиот лидер се одржаа во 2021 година. Разговорот меѓу Бајден и Путин траел речиси четири часа.
Иако швајцарските власти се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери, се нагласува дека Швајцарија нема да преземе иницијатива за ова прашање. Весникот „Le Temps“ посочува дека Швајцарија е само една од земјите подготвена да биде домаќин на состанокот, нагласувајќи дека иницијативата за средбата ќе треба да биде од Трамп и Путин.
Швајцарија, како неутрална земја со долга традиција на дипломатија, би можела да обезбеди соодветен амбиент за средба на двајцата лидери кои ќе се заложат за решение на конфликтот во Украина. Оваа вест предизвикува голем интерес во светот, додека се чека натамошен развој на ситуацијата.
И Белград се понуди како домаќин на оваа историска средба.
Иако во моментов е тешко е да се каже колку е веројатно тоа да успее, многумина во Србија ги обожаваат и рускиот претседател Владимир Путин и идниот американски претседател Доналд Трамп – па оттаму и логиката Србија да биде местото на историската средба на овие двајца.
Белград ја осуди воената агресија на Русија врз Украина, но е единствена држава во Европа која не подигна санкции кон Русија.
Српскиот претседател Вучиќ има добри односи и со Путин и со Трамп, што дополнително ги зголемува надежите дека Белград би можел да биде домаќин на нивната исторска средба.
„Дури и средбата никогаш да не се случи, Србија денес на меѓународната сцена е препознаена како земја која може, која е кредибилна, и поради тоа се смета за една од можните локации за вакви самити и состаноци“, смета српската дипломатија.
Видеото од целта анализа можете да го погледнете погоре во тексотот