ВИДЕО | Андоновиќ: Белград го менува курсот, воведува санкции кон Русија, едно од клучните барања на европскиот ултиматум?

Анализа со Дејан Андоновиќ / Утрински печат, 26 јануари 2023 / Графика: Слободен печат.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за првпат навести дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции против Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за Србија да напредува во преговорите за членство во Унијата.

Во ексклузивното интервју за „ЕУрактив Србија“, Дачиќ, изјави дека Србија, кандидат за ЕУ од 2012 година, првенствено се водеше од проценката што е во нејзин најдобар интерес.

Во изјавата повтори дека Белград го осудува нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и на тој начин Србија и гласала во меѓународните тела.

„Дали ќе воведеме санкции против Русија е друго прашање. Тоа не е прашање на време или рокови, тоа е прашање што се однесува на нашите политички и економски интереси“, изјави тој за „ЕУРактив Србија“.

Воведувањето на санкции кон Русија е едно од клучните барања во неодамна објавениот француско-германски предлог текст според кој и Србија и Косово мора да исполнат одредени компромисни решенија за продлжување на дијалогот и решавање на повеќе децениското косовско прашање.

Покрај обврската Белград да прекине да ги блокира косовските настојувања за членство во меѓународните институции, од Србија се бараше и да воведе санкции кон Русија.

Сериозноста на најновиот ултиматум одеше дотаму што, вчера спецјалниот пратеник на ЕУ за регионот Мирослав Лајчак појасни дека и Косово и Србија се обврзани да ги прифатат точките од новиот европски предлог. Доколку едната страна не го прифати, ќе се соочи со прекин на евроинтеграцииите и автоматски целата поддршка ќе оди на другата страна која ќе го прифати договорот.

И самиот српски претседател Вучиќ во образложението на новиот европски ултиматум потсети дека Србија се соочува со тежок период. Но не пропушти да потенцира дека Србија има најголема трговска размена со земјите од ЕУ и дека инвестициите со кои се гордее се токму од релацијата со ЕУ. Оттаму и предупредувањето дека доколку не ги спроведе најновите одредби од европскиот ултиматум, ќе се соочи со санкции и нов економска и потоа социјална нестабилност.

Раководејќи се од ова и од синоќешната изјава на Лајчак, најверојатно Белград ќе мора да попушти и конечно, како последна држава од регионот која не вовела, да и воеведе снакции на Русија. Останува да се види каква реакција ќе има Москва но и пред се големиот број на проруски симаптизери во Србија, кои за разлика од курсот кон ЕУ, сакаат поблиски релации со Москва.

По завчершаното излагање , во дел од политичката медиумиската и граѓанската јавност веќе е обвинет дека ги „продал српските интереси на Косово, и ги нарушил односите со своите руски браќа“ на сметка на поблиски релации со Брисел и ЕУ

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ жестоко се спротивставуваше на санкционирањето на Москва поради нејзината офанзива во Украина, често нагласувајќи дека Србија ја увезува целата своја нафта и гас од Русија, но е под зголемен притисок од Западот да го промени својот став. Во октомври, тој откри план од 12 милијарди евра за инвестиции во енергетската инфраструктура во текот на шест години за да се диверзифицира и да се обезбеди снабдување со енергија.

Но очигледно нешто се смени со најновиот француско германски предлог за Косово, кој Белград го нарече како европски ултиматум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот