ВИДЕО | Андоновиќ: Апсењето на Путин ќе биде објава на војна, нуклеарната закана повторно актуелна?

Доколку западните земји, ја снабдат Украина со муниција со осиромашен ураниум, неповратно ќе го одведат светот во опасна фаза, односно кон нуклеарен армагедон.
Вака гласи оценката на Москва откако на администрацијата на Белата куќа соопшти дека муницијата со осиромашен ураниум е вообичаен тип на оружје што се користи веќе неколку децении и не претставува поголема опасност.
Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов оцени дека американските власти го допреле дното со своите неодговорни изјави. Украина постојано се снабдува со смртоносно оружје кое убива цивили, куќи, училишта, болници, градинки изјавил Антонов оквалификувајќи го ставот на Белата куќа како опасна.
Рускиот амбасадор обрна внимание на фактот дека негативните последици од употребата на овој тип муниција постојано ги потврдуваат западните новинари. При користење на овој вид муниција, радиоактивната прашина, која е неверојатно токсична, е предмет на деконтаминација и може да предизвика рак.
„Американците тоа многу добро го знаат, бидејќи тие користеа такво оружје во Ирак и Југославија. „Жртвите страдаа од смртоносни болести, а нивните деца се родени со вродени дефекти“, потсети рускиот амбасадор.
Одлуката на британското Министерство за одбрана да испрати тенкови „Челинџер 2“ и муниција што содржи осиромашен ураниум во Украина се заканува да доведе до сериозна ескалација на војната во Украина. Веднаш потоа Москва објави дека ова оружје ќе содржи „нуклеарна компонента“. Ова обвинување предизвика огромна полемика кај светската јавност. Сепак, Британците ги негираат овие наводи и ги оценуваат како „руска измама“ од Русија. Но, во одлуката не се сомнителни само нуклеарните компоненти, туку и самиот осиромашен ураниум кој во одредени случаи може да предизвика сериозни последици по здравјето на пошироката популација.
Имено, Британија во соопштение наведе дека осиромашениот ураниум „е стандардна компонента и нема никаква врска со нуклеарното оружје“ и дека самата британска армија со децении ја користи оваа муниција.
„Русија тоа го знае, но свесно се обидува да ја дезинформира јавноста. „Независните научни истражувања потврдија дека секое влијание врз здравјето на луѓето и животната средина од употребата на муниција со осиромашен ураниум веројатно ќе биде мало“, се вели во соопштението.
Реакцијата уследи по изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека испраќањето муниција со осиромашен ураниум во Украина ќе значи дека Велика Британија е „подготвена да го прекрши меѓународното хуманитарно право, како во 1999 година во Југославија“.
„Нема сомнеж дека ова ќе заврши лошо за Лондон“, се закани Лавров.
Имено Москва под југословенско сценарио, ја подразбира кампањата на НАТО со бомбардирање на градовите во Србија во 1999 година.
И додека завојуваните страни и западните сојузници на Украина меѓусебно се обвинуваат дали и колку е токсично ова оружје, официјалните истражувања покажуваат дека сепак ова е радиоактивен отпад.
Имено, станува збор за токсичен материјал, за кој е потребно долгорочно чување, при што е потребно да се почитуваат сите строги прописи. Како и нуклеарниот отпад, осиромашениот ураниум е скап за складирање, но релативно евтин за производство. Велика Британија, според последните информации, има најмалку 30.000 тони од овој материјал во своите резерви.
Според научниците, тоа може да предизвика долгорочни последици за населението кое живее во околината каде што се користи. Опасно е по здравјето на луѓето и животната средина во временски просек од четири до десет години.
Како дополнителни тензии доаѓа и изјавата на поранешниот руски премиер и претседател Дмитриј Медведев кој од позиција на член на рускиот Совет за безбедност предупреди дека евентуалното апсење на рускиот претседател Владимир Путин по налогот издаде од Меѓународниот кривичен суда би било „објавување војна“ на Русија.
„Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди на пример во Германија и е уапсен. Што е тоа? Објавување војна на Русија“, изјави Медведев.
Ако тоа се случи, тогаш „сите наши способности, проектили и така натаму, ќе паднат врз Бундестагот, канцеларијата и така натаму“, се закани Медведев.
На 17 март МКС издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кого го сомничи за воени злосторства, вклучително и нелегална депортација на деца од Украина во Русија.