ВИДЕО | Андоновиќ: Втора закана за воен пуч во петата француска република

Група од 20 пензионирани воени генерали и околу 80 поранешни високи воени офицери потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат армијата да изврши воен удар и да го симне од власт претседателот Емануел Макрон!

Тие наведуваат дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, не може да го запре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите. Писмото е објавено во десничарскиот магазин „Валер актуел“ и во него отворено се повикува армијата да изврши воен удар со цел да се спречи граѓанска војна во Франција.

Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командант на Легијата на странци, една од најпознатите воени единици во светот. Тој ги загуби своите почести како пензиониран генерал откако беше уапсен за учество во антиисламски демонстрации во 2016 година.

Ова писмо го подржа и генералот Пјер де Вилер, поранешен началник на Генералштабот, кого Макрон го отпушти во 2017 година, откако тој јавно го критикуваше претседателот за намалување на средствата за армијата.

„Франција е во опасност. Неколку смртни закани и се закануваат. Дури и во пензија, ние остануваме француски војници и не можеме да останеме рамнодушни на судбината на нашата прекрасна земја во сегашните околности. Распаѓањето на земјата се состои од исламски орди од предградијата, кои одвојуваат големи делови од нацијата и ги претвораат во територија подложена на догми спротивни на нашиот устав“, се вели меѓу другото во писмото.

Макрон беше мета и на брутална реакција на полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“. „Ако ништо не се стори, земјата ќе експлодира во граѓанска војна, што ќе доведе до смрт на илјадници луѓе“, се вели во писмото. Поранешните генерали велат дека се подготвени да поддржат политичар кој ќе се фокусира на безбедноста на нацијата.

Писмото беше остро осудено од владата на Макрон, споредувајќи го со неуспешниот воен удар што генералите го пробаа пред 60 години против тогашниот претседател Шарл де Гол. И тогашните претседател Де Гол беше на мета на ултрадесничарските офицери на француската армија кои, поради поразителната политика на Де Гол која ја водеше во Алжир се обидоа да му откажат послушност. Сепак по неколкудневните судири таканаречениот Алжирски пуч пропадна, а француските единици стационирани во Алжир ставија под контрола и лојалност кон Де Гол.

Идентично како и тогаш, и сега одредени ултрадесничарски поранешнии офицери го обвинја актуелниот француски претседател дека станал левичар. Од друга страна, Марин Ле Пен, водачот на десничарската Национална алијанса, ги пофали наводите од писмото.

На претседателските избори следната година се очекува жестока пресметка меѓу Макрон и Ле Пен, која според последните анкети на јавното мислење има поголема поддршка од јавноста. Таа се обидува преку давањето поддршка на пензионираните генерали да издејствува уште поголема популарност во пресрет на изборите во Франција следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот