ВИДЕО | Андоновиќ: Вооружените напади во САД добиваат епидемиски размери – масовна пукотница во американскиот град Индијанаполис

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Најмалку 8 лица се ранети откако едно лице од засега непознати причини влегол во аерoдромскиот магацин на Федекс и почнал да пука врз тамошните вработени кои се нашле во тој момент во магацинот.

Напаѓачот бил вооружен со автоматско оружје и пукал без некаква посебна цел при што погоил осум лица. Според последите информации коизасега не се потврдени, се јавува за петмина убиени. Веднаш по нападот, напаѓачот се самоубил.

Најновиот вооружен инцидент е 7-ми по ред од март годинава во серијата инциденти со напади и убиства врз цивили низ неколку различни локации низ САД. Осум лица беа убиени од салони за масажа во областа Атланта, 10 лица во супермаркет во Болдер, Колорадо и четири лица, меѓу кои и деветгодишно момче, во Оранџ, Калифорнија.

Неодамна, поранешен професионален американски фудбалер пукаше и уби лекар од Јужна Каролина, неговата сопруга, две внуци и уште еден маж пред да си го одземе животот. Заедничко за сите овие вооружени напади е дека не се познати мотивите на сите напаѓачи одделно, ниту пак имаат некаква поврзност.

Засега нема индиции дека се работи за некакви терористички напади, што е збунувачки за американската полиција. Дел од анализите упатуваат дека можеби сите овие напади се резултат а психички пореметувања од 14 месечниот карантин поради Ковид пандемијата или можеби поради актуелно политичко економските и социјалните услови кои доминираат во светот.

Дел од анализите пак не исклучуваат дека можеби светот се соочува со нив тип или стил на терористички напади со целд а се заплашат обичните граѓани и да живеат во страв. Која и да е причината за овие напади, добрите познавачи потенцираат дека сите опции се резултат на слободната продажба на оружје во САД каде буквално секој граѓанин може, доколку сака, без проблеми да набави автоматско или друг тип оружје.

Токму овие напади ја интезивираа заложбата на одредени кругови во САД да ја нтезвираат својата кампања за ограничување на законските одредби затоа кој може да купува оружје на слободниот пазар.

Неодамна, Американскиот претседател Џо Бајден го престави во јавност планот кој опфаќа ограничени мерки за решавање на проблемот со вооружено насилство, кое во САД се зголемува во последните неколку години. Бајден изјави дека насилството со оружје во САД прераснува во епидемија и меѓународна срамота.

Американскиот претседател побара од Министерството за правда да издаде правило во рок од 30 дена со кое „ќе се запре ширењето на огнено оружје, бидејќи секој, од криминалец до терорист, може да го купи овој комплет за само 30 минути за да состави оружје. Според статистиките на федералните власти во САД годишно како резултат на прострелни рани годишно умираат 40 000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот