ВИДЕО | Андоновиќ: Владеачките ХДЗ и СДП ,,паднаа“ на локалните избори во Хрватска- граѓаните бараат други опции

Голем успех на новите политички опции и пад на „старите“ политички платформи кои постојат во оваа земја, покажаа прелиминарните резултати од вчерашните локални збори во Хрватска. На вчерашните избори гласачите одлучија да ја дадат довербата на кандидатот на политичката платформа „Можеме!“ Томислав Томашевиќ кој освои повеќе од 40 проценти од гласовите во првиот круг од изборите.

Со овој резултат, Томашевиќ се стекна со јасна предност во пресрет на вториот круг од изборите, што треба да се одржи на 30 мај оваа година. Во вториот круг влезе и кандидатот на десничарското движење Татковина на Мирослав Шкоро, човекот кој и на последните претседателски и парламентарни избори, како поранешен член на ХДЗ успеа од оваа партија да го извлече десничарското гласачко тело кое е незадоволно од политиката на владеачката ХДЗ.

Релативно новата левичарска еколошка платформа „Можеме“ и кандидатот Томашевиќ, на тој начин постигнаа исклучително добар резултат во однос на опциите што доминираат во Загреб подолго време.

Ова првенствено се однесува на политичката опција „365 партија на трудот и солидарноста“, чија кандидатка Јелена Павичиќ Вукишевиќ оствари нешто повеќе од 16% од гласовите по првите прелиминарни резултати.

„Старите“ политички опции како што се ХДЗ и СДП, исто така, потфрлија, а нивните кандидати Давор Филиповиќ (ХДЗ) и Јошко Клисовиќ нема да влезат во вториот круг на гласање за функцијата градоначалник на хрватската престолнина.

Жителите на Сплит, кој досега беше познат како град во кој традиционално доминираше ХДЗ, покажаа дека се подготвени за промени. Според првичните резултати, победата во првиот круг на гласање ќе ја носи кандидатот на партијата Центар, Ивица Пуjак, кој во моментов има 29% од гласовите, што е убедлива предност во првиот круг во однос на ХДЗ кандидат Вице Механовиќ.

Вчера, гласачите одлучуваа кој ќе ги претставува во 425 општински и 127 градски совети, 20 окружни собранија и Градското собрание на градот Загреб. Тие исто така ги избраа своите општински градоначалници, градоначалници и префекти, нивните заменици од редовите на националните малцинства и редовите на хрватскиот народ во општините каде Хрватите се малцинство.

Вториот круг на избори, со кој ќе се донесе конечната одлука за тоа кој ќе ја заземе водечката позиција во градовите Хрватска, ќе се одржи на 30 мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот