24.8 C
Скопје

ВИДЕО | Андоновиќ: Увертира во пресрет на средбата со Путин, Бајден на средба со државите од Г-7

По минатогодишното одложување на состанокот на државите од Г-7 поради пандемијата на ковид-19, денеска во Велика Британија започнува состанокот на индустриски најразвиените земји познати како Г-7. САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија членки на оваа група ќе разговараат на глобални теми.

Ова е прв самит на американскиот претседател откако пред пет месеци ја презеде функцијата, но и последен на германската канцеларка Ангела Меркел. Претседателот на САД, Џо Бајден, пред самитот објави план за донирање 500 милиони дози вакцини и ги повика другите лидери да го сторат истото. „Наша хуманитарна должност е да спасиме што е можно повеќе животи, а тоа е исто така во интерес на Американците“, рече Бајден, наведувајќи дека 200 милиони дози ќе бидат распределени оваа година.

Посетата на Бајден во Европа веќе е оценета повеќе како негова мисија за утврдување и засилување на врските со своите европски сојузници, одошто за потпишување на договори и документи, кои по четири годишното владеење на Трамп кој сериозно ги измести односите со Европа.

Бајден сега ги враќа во колосек кој беше континуиран се до доаѓањето на Трамп во Белата куќа во 2016 година.

Практично изместените односи со европските сојузници се враќаат по старо а се менуваат во однос на Русија, која одамна е обвинета од западот дека води агресивна политика на доминација.

Во пресрет на оваа средба Претседателот на САД, порача дека Соединетите држави не бараат конфликт со Русија, но дека силно ќе одговорат доколку руската влада преземе, како што рече, штетни активности.

Тој рече дека Соединетите држави ќе ја потврдат својата посветеност на трансатлантскиот сојуз, додека сакаат стабилни и предвидливи односи со Русија.

„Соединетите држави ќе одговорат на силен и значаен начин ако руската влада се вклучи во штетни активности”, рече Бајден

Бајден ќе го заврши своето патување во Европа со посета на Женева, каде на 16 јуни ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

А оваа средба веќе е наречена како пресвртница на која двајцата лидери треба да се договорат дали ќе соработуваат и ќе ги надминат разликите кои доведуваат до жестока конфронтација или пак ќе ги зголемат, ионака големите тензии по низа глобални прашања, што може да доведе до нови конфликти. Или можеби, исходот ќе биде позитивен и догодина, на самитот Г 7 повторно во форматот на земјите членки, ќе биде вратена и Русија.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар