ВИДЕО | Андоновиќ: Трет бран на ковид – изненадување или очекувано продолжување на пандемијата?

epa09001248 People wearing protective face masks walk in front of the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, North Macedonia, 10 February 2021. The spread of the British coronavirus mutation is increasing in North Macedonia. The most relevant laboratory in the country located at the Macedonian Academy of Sciences and Arts (MANU) has confirmed more than 50 cases of the British mutation in a very short time frame. The numbers of newly infected and hospitalized patients with the coronavirus disease (COVID-19) are again showing growth in several cities in the country. North Macedonia has not yet received any COVID-19 vaccine. Serbian President Vucic is expected to hand over a donation of 8,000 Pfizer-BioNTech vaccines to North Macedonia's Prime Mister Zaev at the Blace border crossing on 11 of February. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По неколкумесечно намалување на бројките и појавувањето на неколку типа на вакцини против коронавирусот државите во регионот повторно размислуваат за воведување на полициски час. Причина е растечкиот број новозаразени и починати од ковид-19. Изминатите недели беа регистрирани бројни мутации на овој вирус кој цела година беснее низ светот.

Србија за првпат, по неколкумесечната стагнација на вирусот, за време на викендот воведе карантин. Тамошните здравствени власти бараат од владата да воведе седумдневен карантин со цел да се намали растечкиот тренд на новозаболени. И Црна Гора се соочува со зголемен број новозаболени и починати лица. Претседателот Ѓукановиќ побара од владата да воведе вонредна состојба во земјата и да ги затвори границите. Со зголемен број новозаболени и починати се соочуваат и останатите држави од регионот.

Италија, со денешните 318 починати, го надмина прагот од 100 000 смртни случаи во пандемијата на коронавирусот, една година по избувнувањето, трендот на појавата на таканаречениот трет бран од пандемијата се припишува на недисциплината и опуштањето на граѓаните, кои охрабрени од појавата на вакцините, ги отфрлија мерките на лична заштита и почнаа да се враќаат на животните навики пред појавата на ковидот.

Светските медицински власти укажуваат дека и покрај вакцинирањето ковидот може да биде пренесуван со исто темпо. Исто така се укажува и дека вакцинираните лица мораат да причекаат неколку недели од примената вакцина за да создадат антитела, нешто што во пракса не се почитуваше. Останува и забелешката е дека и покрај имунизацијата, и натаму треба да се носат заштитни маски, што изминатиот период не беше почитувано. Особен проблем предизвикаа и бројните мутации на овој вирус кои станаа многу по прилагодливи и побрзо вируленти , што повторно ги наполни болниците со инфицираните лица од ковид низ светот.

СЗО соопшти и дека голем број од државите навремено непрезеле мерки за сузбивање на ширењето на овој вирус. Сепак СЗО е против воведување на т.н. „ковид пасоши“ од повеќе причини, вклучувајќи го и фактот дека вакцините против коронавирусот не се подеднакво достапни на сите во светот. Воведување на „вакцина пасоши“ би било неправедно кон луѓето кои од одредени причини не можат да се вакцинираат и дека на тој начин во системот би се вовела „нееднаквост и неправичност“ сметаат во СЗО.

За светските здравствени експерти сè уште не е познато колку трае имунитетот по примање на одобрените вакцини против ковид-19. Она што засега е сигурно е дека мерките преземени од земјите за борба против пандемијата на коронавирус ја искоренија инциденцата на грип, за околу 90 отсто. Мерките што се ефикасни во борбата против коронавирусот се исклучително ефикасни во борбата против другите заразни болести, велат од СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот