ВИДЕО | Андоновиќ: Трамп забранет на Твитер, Би-Би-Си забранет во Кина – Цензурата се враќа во игра

Кинеските власти ја забранија бртианската телевизиска мрежа Би-Би-Си, да се емитува на кинеска територија. Причина за оваа одлука на Пекинг е , како што се наведува „бројните фалсификувани извештаи“ за Кина и начинот на кој таа се справува со коронавирусот. Имено западните медиуми повеќе месеци спроведуваат кампања против Кина и ја обвинуваат дека ја крие вистината околу настанувањето на пандемијата како и дека ги крие вистинските податоци околу вирусот. „Лажните вести“ не се толерираат во Кина, соопшти Пекинг. Серијата известувања на Би-Би-Си за логорите во Ксинџијанг, присилната работа и неодамна за систематското силување на муслимански жени ги разбесни властите во Пекинг. Би-Би-Си не е достапен во повеќето кинески домаќинства, па забраната сугерира дека повеќе нема да се емитува на ниту еден простор, како што се хотели.

Со реакција се јави самата Компанија ББЦ која изрази разочараност од тоа што кинеските власти одлучиле да применат цензура.

Би-Би-Си е најдоверливиот меѓународен радиодифузер во светот и известува за стории од целиот свет фер, непристрасно и без страв и благонаклоност“, се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, го нарече тоа како „неприфатливо ограничување на слободата на медиумите“.

Но претходно истата слобода Британија и ја ускрати на кинеската телевизиска мрежа ЦГТН бидејќи беше обвинета дека пропагира ставови на Кинеската комунистичка партија.

Двојните аршини околу тоа што е лажна вест, а што објективно известување, ја враќа во игра декларативното сатанизирање на цензурата како алатка за спречување на информирањето. Сето ова води кон тенката линија за тоа што е вистина, а што не. Релативизирањето на објективноста само го води светот кон нова информативна војна која се чини повторно се наметнува како поле за нови судири.

Претходно и глобалната социјална мрежа Твитер соопшти дека поранешниот претседател Доналд Трамп има доживотна забрана да се врати со свој налог на Твитер. Причина за оваа одлука е ставот на компанијата дека Трамп го злопупотребил својот налог преку кој ги повикувал своите приврзаници да извршѓат насилен упад во Конгресот и се обидел да направи државен удар.

Оваа одлука само укажува дека Трамп полесно ќе се врати во Белата куќа како претседател, отколку да добие нов налог на Твитер.

Што се однесува до забраната за ББЦ да се емитува во Кина, од економска гледна точка се чини дека британската телевизиска мрежа ќе загуби над милијарда ипол гледачи или една третина од вкупниот светски пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот