ВИДЕО | Андоновиќ: Трамп дозволи трансфер на власта, но не го признава изборниот пораз, а Бајден го формира претседателскиот кабинет

Фото: EPA-EFE/SHEALAH CRAIGHEAD / WHITE HOUSE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Доналд Трамп објави дека дозволува покренување на процесот за пренос на власта од неговата на идната администрација на Џозеф Бајден во Белата куќа. Трамп преку социјалната мрежа Твитер напиша дека не ја признава победата на Бајден на претседателските избори, но дека во интерес на САД е тој да го дозволи мирниот транфер на власта.

Трамп во свој стил најави дека не ги признава резултатите од изборите и дека во наредниот период, како што рече, ќе ја продолжи борбата за правда во обид судски да ја демонстира , како што ја нарече изборната измама.

Трамп ја повика главната администраторка во Службата за општа администрација (ГСА), Емили Марфи и нејзиниот тим да направат што треба во однос на првичните протоколи. Улогата на службата за општа администрација (ГСА) е да ги поддржува основните функции на американските сојузни агенции и министерства.

Инаку на овој чекор Трамп се одлучи откако официјални лица од сојузната држава Мичиген синоќа го сертифицираа Бајден за победник на претседателските избори, а тоа наскоро се очекува да го сторат и властите во Пенсилванија.

Во меѓувреме новоизбраниот американски претседател Џо Бајден започна да ги номинира имињата на неговиот претседателски тим. Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД од другите номинации за високи национални безбедносни позиции во неговата администрација. Тимот на Бајден го избра Алехандро Мајорка за секретар за национална безбедност, Ејвори Хејнс ќе биде назначен за шеф на националната разузнавачка служба, Линда Томас-Гринфилд ќе биде амбасадор на САД во Обединетите нации, Џеј Сулива ќе биде советник за национална безбедност и Џон Кери ќе биде специјален пратеник на претседателот за климатски промени.

„Под администрацијата на Бајден-Харис, американската национална безбедност и надворешната политика ќе бидат водени од искусни професионалци подготвени да го вратат принципиелното лидерство на светската сцена и достоинственото лидерство дома“, рекоа Бајден и Камала Харис на официјалниот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот