ВИДЕО | Андоновиќ: Тензии и претензии – Воени маневри на Украина, трупање на руски воени сили на заедничката граница

Руска војска/ Фото: МИА

Украинската армија започна со изведување на големи воени маневри во близина на границата со Крим, Здружената команда на вооружените сили на Украина соопшти дека маневрите во кои учествуваат тенковски единици имаат за цел да се вежба пешадиско – тенковски пробој на одбранбената линија на непријателот.

Вежбата според набљудувачите наликува на закана на Киев за воена инвазија врз проруските автономни области Луганск и Доњецк и враќање под контрола на Киев овие две одметнати автономни региони Москва пак продложи со преместување на своите воени трупи долж границита со Украина.

Според достапните извештаи се работи за 50 илјади руски трупи за кои се стравува дека секој момент можат да влезат на украинска територија и да ја окупираат донбската област и да ја отцепат од Ураина. Вакви сценарија Москва веќе реализираше во минатото. Во 2015 година руската армија, без обележја на своите униформи, го окупираше дотогашниот украински полуостров Крим, и го приспои кон руската држава.

Во 2008 та година пак, со цел да ја ги заштити проруските области Осетија и Абхазија, Москва изведе напад врз Грузија и го урна тогашниот прозападен претседател Михаил Саакашвили од власт. ЦИА сега смета дека Русија би можела да го реализира истото сценарио односно дека концентрацијата на руските сили на границата со Украина може да доведе до ограничена инвазија.

– Натрупувањето руски трупи на Крим долж границата со Донбас е сериозно загрижувачко. Мислам дека ова може да бидат голем број методи за заплашување на украинското раководство, но и за испраќање сигнал до САД, сметаат во ЦИА.

Во меѓувреме американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел побараа од Русија да ги намали воените трупи на украинската граница, каде се зголемени тензиите. Бајден се закани и со воведување на дополнителни санкции кон Русија кои би опфатиле протерување на руски дипломати од САД и државите сојузнички. Русија засега не ги коментира заканите но повторува дека нејзините трупи се на руска територија и дека никој нема право да и се меша на Москва колку и како ќе ги распоредува своите воени сили.

Москва распореди десетици илјади војници на границата со Украина, која има желба да се приклучи кон НАТО. Западот ја обвинува Русија за засилување на агресивната акција во близина на украинската граница. Тензиите во Донбас значително се зголемија во последните неколку недели. Двете страни во конфликтот меѓусебно се обвинуваат за ескалација на тензиите и на спорадичните гранатирања во кои досега загинаа десетици украински војници.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот