ВИДЕО | Андоновиќ: Северна Kореја со закани кон САД – ги игнорира повиците на Бајден

Северна Кореја во своето прво официјално обраќање до администрацијата на Џо Бајден се закани дека Бајденовата администрација мора да ја преиспита својата политика кон Пјонгјанг, доколку сака да има мирен претседателски мандат во наредните четири години.

Закана дојде од сестрата на севернокорејскиот лидер Ким џонг Ун, Ким Јо Џонг, за која повеќе месеци се шпекулира дека е идниот лидер на комунистичка Кореја. Таа во својата закана му укажува на Бајден дека треба да прекине со ширење на лажна и лицемерна политика и дека доколку сака мир во наредните четири години, да се воздржи од реториката која беше присутна изминатите 50 години. Пјонгјанг е изиритиран од најавените воени вежби на американсата и Јужно корејската армија, кои традиционално се одржуваат секоја година уште од поделбата на Корејскиот полуостров во 1953 година.

По претседателствувањето на Доналд Трамп, имаше обиди за смирување на непријателствата и пред се постигување на партнерство, кога во Виетнам на два пати се сретнаа Трамп и Ким Џонг Ун. Иако не беа постигнати некои огромни договори меѓу двајцата завојувани лидери, сепак средбите предизвикаа оптимизам дека Вашингтон ќе ги укине повеќедецениските непријателства и санкции кон Северна Kореја и ќе се откаже од рушењето на комунистичкиот режим во Пјонгјанг.

Сега, по промената на власта во Белата куќа и најавите на новиот претседател Бајден за запирање на ширењето на атомско оружје, Северна Кореја очигледно се најде засегната од овие политики на одстапување на Вашингтон но и ветувањата на Трамп за мир, чии детали од договорот со Ким Џонг Ун засега не се познати во јавноста.

Во меѓувреме, администрацијата во Вашингтон на неколкупати соопшти дека Ким Јонг Ун не одговара на повиците на Бајден и обидите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да воспостави неформален дипломатски контакт.

Отворено е прашањето каков пристап ќе има администрацијата на Бајден кон Пјонгјанг, во врска со прашањата за нуклеарно оружје и балистички ракети. Анонимен американски официјален претставник вели дека администрацијата на Бајден неколку пати се обидела да стапи во контакт со Пјонгјанг, почнувајќи од средината на февруари годинава, но нема одговор.

Севернокорејската мисија во ОН, преку која исто така имало обиди да се воспостави контакт, не одговорила на барањето за коментар. Администрацијата на Бајден досега претпазливо зборуваше за односите со Северна Кореја, но најави ревизија на претходно воспоставените врски меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и Ким Јонг Ун.

Трамп, сепак, не успеа да го убеди Ким да се откаже од својот нуклеарен арсенал. Официјален претставник на сегашната администрација вели дека немало контакт со Пјонгјанг претходната година, и покрај бројните обиди на САД.

За време на кампањата, Бајден го опиша Ким како криминалец и рече дека ќе се сретне со него само ако се согласи да го укине нуклеарниот арсенал. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен сè уште нема кажано ништо за евентуални нови санкции против Северна Кореја. Санкциите досега не дадоа резултати. Извештај на ОН покажа дека Северна Кореја продолжила да ја развива својата нуклеарна и ракетна програма во текот на 2020 година, и покрај меѓународните санкции, и оти за тоа обезбедила 300 милиони долари преку кибер-напад.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот